Фото+видео: Прочуената врата на Пеколот во Туркеменистан

Кратерот се наоѓа во пустината Караком, а мештаните велат дека штом ќе го здогледате, помислувате на своите гревови.Овој кратер гори веќе 40 години. Властите во Туркменистан решиле да не го угаснат, надевајќи се дека ќе привлече туристи.
Кратерот се наоѓа среде пустина, и иако преку ден температурата се искачува и над 50 степени, а ноќе се спушта и под -20, кратерот не престанува да гори.
Славната пеклона дупка е настаната во 1971 година. Тогаш на ова подрачје научници од тогашниот СССР барале природен гас. Наеднаш, опремат аим пропаднала во провалијата која се отворила под нив, и од неа почнал да излегува гас. Плашејќи се гасот да не е отровен, го запалиле, и тој од тогаш до ден денес се уште гори.

Пеколната јама е вистинска туристичка атракција. Загрижува фактот што не е заградена, но сепак, кој би и се приближил? Дури и оние љубопитните се постојано предупредувани од туристичките водичи да не се доближуваат премногу, бидејќи рабовите на кратерот постојано се ронат.
Туркменистан годишно го посетуваат едвај 15 000 туристи, па мештаните се надеваат дека вратата на Пеколот ќе им донесе прилив на туристи.

Овој кратер гори веќе 40 години. Властите во Туркменистан решиле да не го угаснат, надевајќи се дека ќе привлече туристи.

Пронајдете не на следниве мрежи: