ГИ КРИЈАТ ЕМОЦИИТЕ „како змија нозете“: Овие хороскопски знаци НИКОГАШ нема да ви признаат што чувствуваат!

Не се бесчувствителни, само така изгледа на прв поглед.Јарец
Ладен и надмоќен, тоа е прв впечаток за личностите родени во овој хороскопски знак. Пред другите се претставуваат како непобедливи ладнокрвци кои ништо не ги допира, а кога ги процесираат работите во своите 4 ѕида, во состојба се да плачат и кукаат цела ноќ. Под услов да се сами дома, се разбира. Т
аман кога ќе срушите еден ѕид кој го кренал пред себе, се јавува друг и така во недоглед. Таман кога сте подготвени да дигнете раце, ќе ја изгребете нивната површина и ќе сфатите дека сепак имаат чувства и тоа длабоки.
Стравот од повредување е тој кој ги спречува да ги покажат емоциите па затоа ги закопуваат во себе. Попрво ќе си ја дадат раката отколку на некој да му кажат дека го сакаат и дека им значи. Сепак, нивната фасада паѓа во вода кога ќе ги пробиете нивните ѕидови. Само ви требаат челични живци и многу трпение.

 
Лав
Тоа со што Лавот не може да се избори е суетата која ги спречува да се отворат и да ја покажат својата ранливост пред друга личност, па макар и ако ја познаваат цел живот. Никогаш нема да признае од што се срами, секогаш ќе имате впечаток како за него да знаете помалку од тоа што тој го знае за вас. Лесно ќе ве остават на цедило и тешко ќе ја прифатат својата грешка.
„Извини“ е збор кој нема лесно да го изговори, ако воопшто некогаш го изговори. Дури и ако на некое ниво е свесен дека погрешил тоа никогаш нема да го признае – на себе си а камоли на другите. Во неговата глава тој е совршен. Полесно ќе му извадите заб отколку зборови со кои ќе ги искаже чувствата.Јарец
Ладен и надмоќен, тоа е прв впечаток за личностите родени во овој хороскопски знак. Пред другите се претставуваат ка

Пронајдете не на следниве мрежи: