Купот документи добиени со хакирање и објавени на вебсајтот на DC Leaks покажа вмешаност на великанот во внатрешните работи на Украина, и обиди преку разни проекти и медиумски кампањи да го изманипулира јавното мислење во Западна европа за пучот во 2014 во Киев.ДиСи Ликс објавија околу 2576 документи од организациите водени од американскиот милијардер Џорџ Сорос, и покажаа негова вмешаност во украинските внатрешни работи и портокаловата револуција во 2014 година.
Документ од Open Society Initiative for Europe (OSIFE) насловен „Дебатата за Украина во Западна Европа“, наведува: „Некои од лицата во ЕУ не сакаат да ја прифатат Мајданската револуција како демократска. Тие имаат свои геополитички и економски планови со Русија и на нив тешко ќе се влијае“, се вели во документот на ОСИФЕ, и се додава дека „се забележуваат различни мислења кај поединци од движењата за социјална правда и политичката левица“.
ОСИФЕ наведува и дека „овие индивидуи“ им пречат на клучните лица кои требало да влијаат на промената на мислењето, а особено во Јужна Европа.
Со цел да се соочат со „проблемот“, организацијата нуди низа иницијативи наменети за менување на јавното мислење на Западот што се однесува до украинскиот проблем.
ОСИФЕ нуди три главни цели:
Прва цел, да се „стимулира сомнеж во движењата, партиите и јавноста во Западна Европа, каде доминира негативната перцепција за трансформацијата на Украина“.
Второ, да се „отфрли идејата дека независноста и интегритетот на Украина е идеолошка цел на десницата“.
Трето, ОСИФЕ сака да „влијае на начинот на кој информациите за Украина се претставуваат во Јужна Европа, а особено во групите на неопределените граѓани“.
Проблемот е уште повеќе искомплициран од фактот дека главните движечки сили на т.н. „Евромајданска Револуција“ во февруари 2014 година беа украинските групи од крајната десница, односно десничарските групи „Десен Сектор“, партијата „Свобода“ и паравоената група УНА-УНСО.
„Струењето на насилство подгорено од Десниот Сектор откри дека медиумите не забележале колку се силни партиите и движењата на крајната десница што имаа главна улога во Евромајдан“, објавува новинарот Алек Лун на 21 јануари 2014 година.
Милитантите од крајната десница ја организираа и киевската Анти-Терористичка Операција (АТО) во источна Украина против отцепувањето на регионите во Донбас.
Но, и покрај тоа што активностите на Киев фрлија сенка на сликата за „Нова Украина“, во документите може да се види планот на ОСИФЕ: да потроши 750 илјади долари во 2015 на грантови, консултантски договори, партнерства, работилници, размена на посети,и конференции наменети за оваа цел.
На пример, организацијата на Сорос планирала на Западот да овозможи „посилно кревање на гласовите на граѓанското општество во Украина наклонето на левицата“.
Освен тоа, целела да ги прошири „левичарските про-Мајдански креатори на јавно мислење“ во дебатата на тема Украина, со организирање на конференции за Нова Украина во партнерство со одделите за внатрешни работи и политичка наука во најголемите универзитети во Германија, Франција, Шпанија, Италија и Грција.
„Руската линија во Украина ќе биде подложена на скептицизам од левичарите вклучени во проектот, и Европското антифашистичко движење ќе биде клучна поента во дебатата“, се вели во документот.
За да се изманипулира сликата кај Европејците за Мајдан, ОСИФЕ планирале да ги вклучат во игра и поголемите медиуми, како на пример Гардиан, за „да го претстават дигнатиот глас од Нова Украина, т.е. Маидан“, како и Хафингтон Пост, Стрит Прес, Еурозин, како главни влијатели на целната публика.
Документот покажува дека ОСИФЕ замислиле и да финансираат преводи на статии од украински новинари и да доделат грантови за „истражувачко“ новинарство што би ја покривало ситуацијата на лице место, за да се порекне руската наратива.
Но, тоа не е се. Уште еден документ што ДиСи Ликс го објави, покажува како ОСИФЕ планирале да ги „прошират независните медиумски известувачи од Украина за Франција“.
За да се шири наративата на ОСИФЕ за Украина меѓу левичарските медиуми, организацијата планирала „воспоставување на партнерства меѓу Украински и Европски организации за соработка“.
„Воспоставивме контакт со Hromadske International, медиум во Украина, што е комбинација од онлајн содржина и телевизиски пренос“, се вели во документот, и се додава дека Хромадске би можеле да бидат Украински „инкубатор“ за проектот.
ОСИФЕ исто така планирале во проектот да ги вклучат Mediapart во Франција.
„Добрата потенцијална синергија меѓу Хромадске и Медиапарт е поволна за проектот“, се вели во договорот.
ОСИФЕ предвиделе дека вакво партнерство „ќе дозволи Хромадске да направи упад во Франција“, и ќе отвори можност за понатамошна експанзија на партнерската мрежа и во други „клучни“ држави во ЕУ, како Германија, Шпанија, Италија и Грција.
Двата документи се само наѕирање во огромната шема на политики креирани од Џорџ Сорос во однос на Украина. Сепак, тие продреа во длабочината на вмешаноста на милијардерот во внатрешните работи на пост-советската држава.
Саботното протекување на документите ги посочи глобалните активности на Џорџ Сорос, и ги откри плановите, сратегиите и приоритетите на организациите водени од Сорос низ целиот свет од периодот од 2008 до 2016 година.ДиСи Ликс објавија околу 2576 документи од организациите водени од американскиот милијардер Џорџ Сорос, и покажаа негова вмешаност во украинските в