Huawei може да користи 5G модеми од Samsung

Loading...

Една од непосредните последици од санкциите против Huawei е желбата на компанијата да најде алтернатива за сите можни компоненти од американските производители.
Информациите на Digitimes сега укажуваат дека кинеската компанија сака да ја намали својата зависност од Qualcomm модемите, со потенцијални алтернативи за 5G решенијата да бидат Samsung и MediaTek за уредите од средна и ниска класа.
Филијалата за развој и производство на чипови на Huawei – HiSilicon сега има два 5G модема во своето портфолио – Balong 5G01 и 5000. Вториот беше воведен минатата година и е насочен кон модели од високата класа. Samsung, исто така, во моментов има два 5G модема – Exynos модемите 5100 и 5123. И двата се користат кај уредите од топ-класа со Exynos9820, 9825 и 990 чипови.
Kaj вчера објавените Galaxy A51 5G и A71 5G, кои се позиционирани во средната класа, компанијата користи чипсет Exybos 980 со вграден 5G модем.
Сепак, сè уште не е јасно за кој производител ќе се определи Huawei и конкретно кој модем ќе го користи, но овие надворешни решенија ќе бидат насочени кон паметните телефони позиционирани во нискиот и средниот опсег.

loading...