IAEA бара итен пристап до иранските постројки во Парчин

Loading...

Челникот на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) Јукија Амано побара во понеделникот Иран на нејзините инспектори веднаш да им овозможи пристап до воената постројка во Парчин, каде што според сомневањата на организацијата се спроведуваат испитувања во врска со развој на нуклеарно оружје.

 „Тоа би претставувал позитивен чекор од иранската страна и би ја покажала подготвеноста на Техеран на соработка со нашата агенција по прашањата коишто ни се суштински важни”, изјави Амано во говорот пред гувернерите на Меѓународната агенција за атомска енергија – IAEA.
Амано, кој е извршен директор на IAEA, пред 35-члениот управен одбор рекол дека „не може да извести за каков и да е напредок” последната година во поглед на решавањето на дилемите околу иранската нуклеарна програма.
Агенцијата цела година се обидува да го убеди Иран да соработува со неа во истрагата на некои, според агенцијата, сомнителни процеси во развојот на неговата нуклеарна програма.
Амано рекол дека IAEA остана доследна на конструктивниот дијалог со Иран, но дека преговорите мора „да се забрзаат и резултираат наскоро со некои конкретни резултати”.
Приоритет на IAEA е инспекција на базата во Парчин , постројка југоисточно од иранската престолнина Техеран, во кој Иран наводно изградил експлозивна комора која ја користи за нуклеарни тестирања, што од иранска страна се негира.
Макфакс
Челникот на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) Јукија Амано побара во понеделникот Иран на нејзините ин

loading...
Loading...