Иако тоа НЕМА ДА ВИ ГО КАЖЕ, вашиот гинеколог ГИ ЗНАЕ ОВИЕ РАБОТИ ЗА ВАС и вашиот сексуален живот!

Се подготвувате да закажете преглед кај гинеколог? Верувале или не тие дваесеттина минути колку што трае овој преглед можат да откријат многу повеќе за вашето здравје отколку што мислите!Одењето на гинеколог посебно за оние срамежливите дами претставува не баш пријатна обврска.
Секогаш постои сомнеж дека лекарот ќе пронајде нешто кое не треба така да биде, но и дека ќе ги дознае вашите најинтимни тајни кои не сте сакале баш да ги поделите со другите.
Еве што гинекологот може „да прочита“ од вашата вагина!
Каков ви е сексот
Многумина пациентки не сакаат да ги кажуваат своите сексуални потешкотии. Непријатно им е да зборуваат за тоа или сметаат дека не е толку важен проблем за кој треба стручно мислење. 
Но, гинеколозите можат да ја препознаат вагиналната сувост до која се доаѓа поради промените во лачењето на естрогенот. Имено, ткивото кое обично е темно розеникаво и блескаво, изгеда бледо, скоро бело и без сјај, открива гинеколот и авторката на книгата „Love Sex Again“, Лорена Штрајхер.
Исто така овие лекари гледаат и дали вашиот партнер преферира погруб секс или користите некои од секс играчките. Микро повредите на вагината едноставно го покажуваат тоа.
Проблеми со задржување на урината
При текот на прегледот гинеколозите кои се стручњаци во оваа област можат да откријат дали мускулите ослабнале до точката во која може да се дојде до инкотиненција.
Тоа е уште еден здравствен проблем кој многумина жени поради срам не го пријавуваат кај лекарот.

Дали самите сте се лечеле
Кога ќе се појави гливична инфекција, дури 70 отсто од жените се обидуваат сами да си го залечат проблемот. Меѓутоа Штрајхер кажува дека во многу случаеви всушност станува збор за потполно други врсти на вагинални инфекции, како бактеријска вагиноза која не реагира на антигливични лекови.
Затоа за да не си правите уште полошо одете на преглед а гинекологот на основа на изгледот на вашата вагина ќе потврди во што е проблемот и ќе ви ја препише одредената терапија.
Дали имате некоја тешка болест
Во текот на редовниот преглед вашиот лекар ќе провери и дали постојат знакови на меланом и потенцијални преканцерогени промени на кожата како што се склерозен и атрофичен лишај кој често не покажува никакви симптоми- објаснува докторката.
Полово преносливи болести
Многумина од жените се изненадуваат кога сфаќаат дека гинеколот не може на вистинскиот начин да им ја даде прецизната дијагноза кога се во прашање сексуално преносливите болести.
Штрајхер објаснува дека тие можат да ги воочат воспаленијата и другите сомнителни закони, но за да се потврди точната дијагноза за на пример, хламидија или гонореја, потребна е анализа на крвта, урина или брис. Одењето на гинеколог посебно за оние срамежливите дами претставува не баш пријатна обврска.
Секогаш постои сомнеж дека лекарот ќе пронајде

Пронајдете не на следниве мрежи: