Илјада исламски агенти дејствуваат во БИХ, Иран е активен од 1990!

Според информациите на западните разузнавачки служби, по Босна и Херцеговина се мотаат 650 припадници на иранската разузнавачка служба, но и шпиони на други исламски земји, пишува Јутарњи.Разузнавачките служби на БиХ располагаат со уште 330 имиња на странски шпиони, што значи дека во таа земја во моментов активно дејствуваат околу 1.000 припадници на разузнавачките служби на исламски земји.
Целата оваа приказна влече корени уште од пред војната во БиХ, кога иранските власти веднаш почнале да воспоставуваат добри односи со Партијата на демократската акција, која тогаш ја предводел Алија Изетбеговиќ, а сега на нејзиното чело е неговиот син Бакир, по вторпат избран во Претседателството на БиХ. Иран веднаш ги понудил сите свои услуги, вклучувајќи ги и воените и разузнавачките, без оглед на тоа што станува збор за шиитска држава, додека босанските муслимани се сунити.
Меѓутоа, Техеран тогаш сфатил дека му се пружа речиси единствена прилика во срцето на Европа да воспостави ќелии преку кои би можел да ги координира сите свои операции во овој регион. во тој план се нашла и Хрватска, па Иран многу брзо ја признал нејзината самостојност и отворил амбасада со, во тоа време, голем број на дипломатски персонал – несразмерен со нивото на односите меѓу двете земји. Денес тој број е значително намален.

Покрај тоа, во Хрватска тогаш била воспоставена широка мрежа „хуманитарни“ организации, кои им помагале на големиот број муслимански бегалци од БиХ. Набрзо се покажало дека поголемиот број од тие организации се бавеле исклучиво со разузнавачка дејност.
Затоа владата во Загреб на повеќето такви организации им ги укинала дозволите за работа. сепак, дел од нив останале активни и помагале во операцијата за вооружување на босанските муслимани во 1994 година од Иран – во која учествувал и тогашниот американски амбасадор во Хрватска Питер Галбрајт со премолчена поддршка од хрватските власти.
БиХ под притисок на западните разузнавачки служби презела чекори да се намали тоа влијание. Сараево дури минатата година протерало двајца ирански дипломати. Но, ситуацијата не се смирила. Иранската тајна служба воспоставува и гради силни врски со вахабистите и салафистите во Горња Маоча, иако таа фракција глобално ја претставува непријателската страна.Разузнавачките служби на БиХ располагаат со уште 330 имиња на странски шпиони, што значи дека во таа земја во моментов активно дејствуваат околу 1.

Пронајдете не на следниве мрежи: