Instagram воведе нова функција – препознавање на лажни вести

Instagram воведе функција за лажни вести за да го спречи нивното ширење. Функцијата false information(лажни информации) ќе се користи за објавите кои се откриени и селектирани како лажни, а за тој процес ќе бидат задолжените вработените на Instagram кои ќе ги проверуваат вестите.
Новата функција ќе биде достапна на социјалната мрежа во текот на наредниот месец, а истата ќе се појавува и на Instagram stories како и на објавите на почетната страна на Instagram, news feed.
Корисниците ќе можат да ја видат лажната вест доколку ја одберат опцијата see post(види ја објавата).
Instagram ќе ги предупреди корисниците кои се обидуваат да ја споделат објавата која претходно е означена како лажна. Пред да ја споделат објавата, ќе бидат предупредени дека таа објава содржи лажна информација, а ќе им биде испратен линк со подетални информации.

Loading...