Исповед на една спонзоруша: Зошто сакам милионери?

Постојат жени кои не би ни помислиле да си ја скршат својата гордост и да бидат со некого само поради парите, но постојат и такви кои немаат никаков проблем околу тоа да бидат со некого само поради „длабокиот џеб“. Нив, ги викаме спонзоруши!Зошто сакам милионери?
Жена која тврди дека се забавувала со неколку милионери проговори за еден австралиски весник за мааните и доблестите на врските засновани на пари, и ги предупредила сите потенцијални спонзоруши да бидат подготвени на потчинување, да очекуваат конкуренција и да не се обидуваат да го сменат мажот.
Трејси вели дека со првиот милионер се забавувала кога имала само 19 години,, а останатите ги барала преку извесен интернет сајт за запознавање со богаташи. „Некои луѓе сакаат темна коса, сини очи, а јас едноставно сакам дебела сметка во банка“.
Оваа русокоса која денес има 20 и нешто години објаснила дека се забавувала и со „обични“ мажи само да ја разбие рутината, но по крајот на таквите врски се потсетувала зошто повеќе ги сака милионерите.

Лошите страни на врската со милионер
Сепак, според неа, забавувањето со милионер воопшто не е лесно. Мажите (но и жените) имаат одредени очекувања од другата половина. Физичките атрибути им се на прво место на листата со приоритети.
„Секој е различен, имал или немал пари, но богатите мажи се изложени на внимание од јавноста заради што им е важно покрај нив да имаат претставителна личност“.
Кога се забавувате со богат човек мора да прифатите дека околу него се мотаат и други жени. Единствениот начин тој да ве сака само вас е понизно да слушате и да исполнувате желби.
„Често бараат премногу внимание, што понекогаш ме нервира, но таквите врски подразбираат ваша потчинетост. Трпев, иако не сум таква личност“, објаснува Трејси.

И тие само сакаат љубов
И меѓу милионерите има разлики во однесувањето, особено меѓу оние кои се родиле во богати семејства и оние кои сами го стекнале првиот милион.
Иако жените ги бираат врз база на физичкиот изглед, сите тие само сакаат да се заљубат, што и често се случува, а потоа се соочуваат со суровата реалност.
„Тоа е моментот кога се разочаруваат – јас не се заљубувам во нив. Ако не ги засакам после одредено време, дефинитивно се повлекувам“, додала Трејси.
Според неа, од десетина врски со милионери, била заљубена само во двајца, но и во двата случаи врските не траеле долго.
„Милионерите живеат како номади, тешко е да ги следиш. Во секоја врска влегувам со надеж дека ќе се заљубам и моментално сум многу среќна“, ја завршила својата исповед оваа млада девојка.Зошто сакам милионери?
Жена која тврди дека се забавувала со неколку милионери проговори за еден австралиски весник за маа

Пронајдете не на следниве мрежи: