Исповед на Сара која го продава своето тело на улица: НЕКОЈ ЌЕ ПЛАТИ НЕКОЈ ЌЕ ТЕ „ИЗМЛАТИ“

Се сеќавам на моето прво излегување на улица. Бев шокирана. Утро, маглата уште не беше крената, а по некој сончев зрак паѓаше на валканата улица. Стопирам, чекам, а го молам Бога никој да не застане. Едноставно се плашев од првиот контакт со муштеријата.Проститутка сум веќе 3 години.
Малку кој може да поверува дека една проститутка освен кафана, ефтин кармин и малку облека, би можела да има нешто друго. Таквите жени асоцираат само на онаа мрачна страна на животот, а нивните примери за судбината се тешки, судбини на прокоцкана младост. Дека тоа не е баш така, и дека овие жени без оглед на работата со која се занимаваат может да бидат и мајки и жени и сопруги и имаат многу повеќе од евтин кармин, покажува и оваа 37-годишна соговорничка Б.А. Сара, од Сараево.
Сара некогаш била жена како и сите останати, имала сопруг, деца, пријатели роднини и соседи. Со оглед на тешките околности на нејзиното семејство, некогашната домакинка завршила како келнерка во една кафеана. Сакала, како што вели само да работи и да заработи за живот, колку да може на децата да им даде некој денар кога ќе тргнат во училиште. Но, оттогаш се тргнало наопаку.
– Кафеаната е чудно место. Сите те штипкаат, те допираат, дофрлаат, а дневницата е мала. Но, да беше само тоа проблем. Полошо од тоа е што работејќи како келнерка не си ни свесна колку се вовлекуваш во еден сосема поинаков свет, свет различен од нормалниот – се сеќава Сара на деновите кога едвај врзувала крај со крај.
Во желба за поголема заработка и подобар живот, го фрлила тоа што на скоро секоја жена и е свето. Честа и образот.
– Почнав да „заведувам“. Не ми беше одвратно да ги менувам мажите, уште и за пари, тоа беше не само слатко, туку и корисно. Добро, за улица и проституција во тој период се уште не размислував, но со време дојде ред и на тоа, вели Сара.
Продолжува на следната страна

 
Пари или образ?
Понекогаш луѓето немаат некој избор, па по потрага за леб, ги занемаруваат сопствените принципи.
– Во периодот кога прв пат излегов на улица, а тоа беше пред отприлика 3 години, мојот сопруг работеше за многу мала плата. Децата почнаа да растат, и од ден во ден мојата слика во семејството беше се поочајна. Тогаш отидов во Сараево, и дознав колку заработуваат девојките кои јавно го продаваат своето тело. Тоа за мене беше шок. Што да правам? Пари или образ?
Прв муштерија прв шок.
– Со ноќи размислував што да направам. Парите ме привлекуваа, но сепак…На крајот немав избор. Децата мораат да го имаат барем она основното за живот, а богами ниту сметките не можеа да чекаат. Ако сакаш вода, струја, телефон….плати или седи во мрак.
Првото излегување на улица за Сара бил нејзин најголем шок. Утро, маглата уште не била крената, а по некој сончев зрак паѓал на валканата улица. Стопирала, чекала, а го молела Бога никој да не застане.
– Едноставно се плашев од првиот контакт со муштеријата. Денес веројатно поради стравот и тремата, не се ни сеќавам кој беше тој. Застана првиот муштерија, застана втор, трет….и така по ред. После се навикнав, па денес ако има работа која може да се сака, јас оваа ја сакам.
Плати па измлати….

 
Плати па „измлати“
За овие 3 години поминаа кој знае колку муштерии, поминаа фини и човечни луѓе, но и оние дрските и валкани. Не е редок случајот да налетам и на некој кој ќе плати, но после сексот ги бара парите назад. Што да правам, ги враќам, подобро така отколку да добијам ќотек и повторно да останам без пари – објаснува Сара.
И така со денови, луѓето поминуваат, свират, некои застануваат, дофрлаат, пцујат, прашуваат, некој ќе се закачи па и ќе плати…. Се на се денот на овие жени им поминува секако.
Немам сила со децата да зборувам за мојата работа
– Со сопругот никогаш не сум разговарала за мојата работа. Тој знае со што се занимавам, но едноставно не разговараме за тоа. Тој заработува по нешто, но во главно јас го издржувам нашето семејство. Децата на почетокот ги лажев дека одам да чистам станови и дуќани, бидејќи немав сила да им ја кажам вистината. Денес, кога пораснаа, веројатно знаат која и што е мајка им, но како и со сопругот, и со нив никогаш не разговарам за тоа. Наутро станувам, им подготвувам јадење, и излегувам во 8 часот од дома. Час подоцна, го чекам првиот муштерија, после другиот, третиот и така до вечер. После така уморна и валкана доаѓам дома, тие веќе сите се на куп, малку ќе поседам со нив и одам на спиење. Рано утрето ме чека нов ден со којзнае каков муштерија- вели Сара.
Дневно заработувам и до 150 КМ
– Чудна е оваа работа. Жената се симнува на најниската скала на човечката вредност, а верувајте дека има и многу полоши од нас, само злобата ја кријат под облеката. Поминуваме сешто во нашиот живот, гледаме и убави и лоши моменти. Дневно заработувам и по 150 КМ, само не знам…Ако говорам во свое име, јас никогаш не би ја напуштила оваа работа, а за останатите нека одлучат што и како…- вели Сара.Проститутка сум веќе 3 години.
Малку кој може да поверува дека една проститутка освен кафана, ефтин кармин и малку облека, би можела да има

Пронајдете не на следниве мрежи: