Измама во Куманово: Роднините биле поканети на свадба, но сфатиле дека…

Роднините биле поканети на свадба, но сфатиле дека…Нов скандал го тресе Куманово, откако роднините на Марко Никојевски и неговата идна сопруга Елена сфатиле дека можеби се дел од измама. Хронолошки, целиот процес започнал во месец март, кога Марко и Елена ја најавиле својата венчавка за крајот на јуни. Младиот пар биле во врска 3 години, по што решиле да ја овековечат својата врска со брак.
Меѓутоа, откако свадбената веселба била закажана, а гостите поканети, роднините почнале да се сомневаат во целата венчавка. Најскандалозен момент бил кога вујната на идната невеста дознала дека таа не е бремена. Таа за Кумановски Муабети изјави:
„Сум била на многу свадби во последните две-три години, но ова е премногу сомнително. Елена дури не се ни потруди да го скрие фактот дека не е во блажена состојба. Таа ми рече дека со Марко ќе се венчаат од љубов. Целата ситуација веднаш ми стана сомнителна. Венчавка од љубов? Без бебе „на пат“? Нешто мириса лошо…“

 
Роднините се сомневаат дека целата свадба е измама само за да се соберат скапи подароци кои младиот пар и онака може да си ги дозволи. Во своја одбрана Марко и Елена говорат дека се во неверување дека роднините сметаат дека тие се подготвени на таква измама, особено ако се земе в обзир фактот дека самата свадбена веселба чини цело богатство. Иако не сакаа да дадат изјава, Елена напомена дека знае дека Марко ја сака, па не морала скришум да забремени за да се венчаат.
Од полицијата додаваат дека сѐ додека не се случи венчавката, тие немаат доволно докази за да покренат истрага. Сепак, поради претпазливост поголем дел од роднините изјавија дека нема да присуствуваат на свадбената свеченост. Ваквите, таканаречени „свадби од љубов“ се реткост во Куманово, па порачуваме да се биде претпазлив во вакви случаи.
Текстот е преземен од kumanovskimuabeti.mkНов скандал го тресе Куманово, откако роднините на Марко Никојевски и неговата идна сопруга Елена сфатиле дека можеби се дел од измама. Хронолошки,

Пронајдете не на следниве мрежи: