Kарлеуша прави скандали затоа што не знае да пее! Композиторот распали – „Кога таа пее секогаш мислам дека се шегува!“

Композиторот Милутин Поповиќ Захар, кој откри непознати детали од животот на јавните личности со кои соработувал, изјави дека бил присутен кога Саша Поповиќ ,,го чешал” лицето поради Лепа Брена“, но, и што мисли за пејачката Јелена Карлеуша.

Захар тврди дека Јелена Карлеуша станала мајстор за скандали во моментот кога публиката почнала да ја мрази зато што не знаела да пее:

„Јелена е кралица на скандали. Тоа е нејзиниот најлесен начин за да биде во центарот на вниманието. Тоа почна да прави скандали кога сфати дека не може да направи кариера со пеењето. Има и други атрибути, не мислам на женски“, рече Захар и продолжи:

„Таа знае да ја носи празната популарност, која на нашите простори ја примаат како амброзија. Кога пее, секогаш мислам дека се шегува” – заклучи Захар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.