Koи се најопасните мафии во светот?

Албанската мафија е меѓу трите најопасни во Европа, а се збогати благодарение на корупцијата, тврди познатиот италијански обвинител Никола Гратери.


Тој изјави дека албанската мафија е меѓу трите најопасни во Европа и дека високото ниво на корупција во Албанија е главната причина за збогатувањето на албанската мафија во Италија. Калабриската мафија Ндрангета, албанската и северноафриканската мафија ги оцени како најопасни.

„Денес има три мафии, тука е Ндрагета, тука е албанската мафија, која веќе не е таа што ограбува вили, таа е доста структурирана, која се збогати во својата земја благодарение на застрашувачката корупција, а потоа е мафијата на третата генерација Јужноафриканци“, додал тој.
Благодарение на големата корупција во Албанија лесно е да се компромитираат дури и јавните функционери.

Обвинителот претходно укажа за притисокот што албанската мафија го презема во Европа за контрола на трговијата со кокаин од земјите од Јужна Америка.
Во 2019 година албанската мафија се сметаше за деветта најопасна во светот. Руската мафија тогаш беше рангирана како прва, која е добро организирана и ја сочинуваат луѓе со лажни идентитети.

Пронајдете не на следниве мрежи: