Утврдено е која летна гардероба им е одвратна на мажите. Не е задолжително жените да се облекуваат на начин одобрен од мажите. Често тие го прават тоа за себе, па дури и за другите жени. Мажите, анкетирани од “Shine”, сепак си имаат свое мислење за различните облеки кои жените носат во текот на летото.
Комбинезони
Премногу неоформени и широки, мажите често за нив имаат чувство дека жените се навлекле пелени на себе. Спортските комбинезони пак, често создаваат асоцијација на земјоделци и водоинсталатери. Обично најмногу одговараат на поситни девојки. Идеални се за истакнување на рамената.
Фустани и маички од бела чипка
Мажите ги сметаат за премногу старомодни и бабешки. Има нешто старомодно во чипката, но таа е премногу секси за да биде игнорирана.
Големи очила за сонце
Мажите мислат дека девојките со очила “XL” имаат нешто неубаво на лицето и намерно го кријат. Освен тоа личат на закачалки. Модата на големите очила е усвоена од Парис Хилтон, Линдзи Лохан, Бритни Спирс. Тие даваат чувство на престиж.
Сандали со дебели потпетици и платформи
Мажите ги дефинираат како евтини. Тие не гледаат на нив ништо посебно и преферираат воопшто да не ги гледаат на улица. Штиклите се создадени за да се продолжи визуелно силуетата на жената. Но кај обувките со платформи се добива токму спротивното. Жените визуелно изгледаат пониски. Ама се интересни и жените се чувствуваат удобно во нив.
Капи со широк обем
Мажите често ги сметаат за смешни или снобовски. Сметаат дека одговараат повеќе на постарите дами.
Утврдено е која летна гардероба им е одвратна на мажите. Не е задолжително жените да се облекуваат на начин одобрен од