Колку видови на оргазам може да доживеат жените?

Жените може да доживеат два вида на оргазам.Притоа, женскиот оргазам е предмет на бројни научни дебати во последниот век. Одредени истражувачи сметаат дека жените можат да доживеат два вида на оргазам, и тоа преку надворешна стимулација на клиторисот и вагинална пенетрација, додека пак другите нагласуваат дека станува збор за ист вид на оргазам, постигнат со стимулација на различни делови од женската анатомија, пренесува „Salon”.
Во магазинот „The Journal of Sexual Medicine” неодамна била објавена студија во која се тврди дека е разрешена оваа мистерија и заклучокот е единствен – постојат два типа на женски огазам. 
Двајца француски гинеколози, со помош на ултразвук, ги мереле промените во циркулацијата на крвта кај тројца учесници во истражувањето, се со цел да откријат како нивните полови органи реагирале во текот на различни видови на секс. 
Имено, жените кои учествувале во истражувањето требало да се возбудат самостојно, со екстерна стимулација на клиторисот и преку вагинална стимулација, со помош на тампон. Во текот на двата тестови биле мерени промените во крвотокот во вагиналниот предел, се со цел да се открие како клиторисот и вагиналниот комплекс реагираат во текот на стимулацијата. 
Резултатите од студијата покажале дека постои разлика  во оргазмите, во зависност од видот на сексуалниот контакт. 
„И покрај вообичаената претпоставка дека постои само еден вид на женски оргазам, врз основа на нашите откритија, тврдиме дека постојат два видови, во зависност од типот на стимулација”, изјавиле научниците. И двата видови на оргазам се клиторални, но деловите од клиторисот кој реагираат на сексуалната дразба се различни во однос на видот на стимулација. Притоа, женскиот оргазам е предмет на бројни научни дебати во последниот век. Одредени истражувачи сметаат дека жените можат да доживеат два в

Пронајдете не на следниве мрежи: