Моден Викенд Скопје во соработка со Британски совет во Македонија, објавува отворен повик за Професионални консултации со господинот Мартин Робертс, ко-основач и директор на Fashon Scout London и Graduate Fashion Week, кои ќе се одржат на 23.10.2013 година во Скопје.Конкурсот е наменет за студенти по моден дизајн и дизајнери кои ќе имаат извонредна можност, пред се да добијат совети за подобрување на сопствената позиција и конкурентноста на модниот пазар.
За време на личната професионална консултација со господинот Робертс избраните учесници ќе можат да го презентираат своето портфолио, да прикажат примероци од досегашната работа и да добијат совет во насока на подобрување на сопствениот моден бизнис.
Сите заинтересирани треба да ги достават следните документи:
– Пополнет формулар, кој може да се симне на веб-страната на FWSK;
– Дизајнерско портфолио во електронска форма;
– Биографија и мотивационо писмо.
Рокот за испраќање на апликациите е од 01.10 најдоцна до 12.10.2013 година, на [email protected]. За изборот на учесници кои е предвидено да бидат вкупно осум, ќе одлучува комисија составена од претставници од Моден Викенд Скопје, Британски совет во
Македонија и лично Мартин Робертс.
Истиот ден ќе се одржи и предавање на следните теми:
1.Претставување и информации за Fashon Scout / Graduate Fashon Week ;
2.Моден бизнис ( иновативни начини за привлекување инвеститори, успешно промовирање на бренд, генерирање на продажбата).Конкурсот е наменет за студенти по моден дизајн и дизајнери кои ќе имаат извонредна можност, пред се да добијат