Mиа Костова боледува од ,,модерна” болест?

Миа Костова, познатата водителка и инфуенсерка, во едно интервју за Кафе пауза зборуваше за својот живот со синот Андрија.

– Ако се предадеш и речеш не можам, не успевам, нема работа, не постигнувам, веројатно ни коцките не се местат. Кај мене беше така. Имав многу куса финансиска криза која ја надминав со упорност и со немање апсолутно никаков ср ам од работа.

Андрија имаше само 40 дена кога се вратив на неколку дена во диско неделно, почнав да работам во фризерски салон како координатор иако тоа никогаш не сум го правела ама некако се пронајдов, во меѓувреме дипломирав, работев и на телевизија, работам и како инфлуенсер.

И сето ова успевав да го вклопам со мало бебе кое немаше кој да го чува. Од бебе е во градинка, седел со саати кај мене на работа, седел на снимања со температури, ама никогаш не сум се откажала ниту некогаш помислив да се вратам во семејниот дом. Решив дека ова е моја приказна и да, коцките се местат и ден денес.

– Не знам дали е до мојот став и до мојот начин на однесување и зборување јавно ама мене не ми се случило некој ниту да ме осуди ниту да има проблем со тоа. А немам ни јас.

Живеам многу подобар посреќен и помирен живот од жени во семејства кои седат во брак поради ова или она.

Сметам дека малку е поинаку денес и дека поинаку се гледа на самохраните мајки за разлика од порано. Тие сѐ повеќе се херои одошто нешто лошо или немо-рално.

Нема тајна, како што кажав погоре, треба само да сакаш, треба да си убеден во тоа дека можеш и да не пребираш додека да стигнеш онаму каде што сакаш.

Важно е да имаш време за себе, да не му ја мислиш дали е во градинка предолго, или зошто преспива на друго место, зашто многу е важно прво мајката да е како што треба за сѐ да биде како што треба.

А што се однесува до кариеристките кои не сакаат деца, немам ништо против нив. Сосема ги разбирам. И ги поддржувам. Не може секој ниту секој сака. Кој како смета дека треба – така нека прави“, изјави Миа во интервјуто..

Таа за време на рестриктивните мерки на Фесјбук напиша дека досега за се наоѓа начин и ако треба синот Андрија и вонредно ќе заврши училиште.

-Меѓу другото, или онлајн или вонредно ќе си учи. Пошо кафичите се средени со сертификати и ќе биде попара ускоро, на 1000 заразени син ми со маска 8 саата во училница во ганц ново школо кое не е климатизирано во септември на 50 степени. Не“

Миа, минатата година на Инстаграм објави дека поминала 80 дена на море, и тоа на Јонско, во Дерми во Албанија. Таа раскажа како ѝ поминале овие денови со својот син и со нејзината пријателка Тијана.

– Што да ви кажам за летово, освен ‘сакај силно и ќе добиеш’ . 80 дена неповторливо искуство. Луѓе кои никогаш нема да ги заборавам. Уште сум во неверба дека 3 месеци поминаа од моментот кога не бев сигурна дали ќе го издржам овој ангажман.

Она што посебно ме радува е успехот кој беше неизбежен кога јас и @tijanaskulicc сме во игра. Посебна благодарност до @havana.dhermi , сите вработени тука, @vivienthano која секогаш ќе е насмевката на летото,

@reicironaku за музичето, @sokol_cool_turdiu за музичето, Dhermi за тоа што ми стана дома, @aloni_dhermi за храната што ќе ја сонувам, @azulbyhavana за порциите што ми се репер за добра храна, секое камче и Јонско што секогаш ќе ми е број 1.

Миа сега повторно се врати на своето омилено место, повторно со својот син Андрија и нејзината пријателка Тијана. Миа веднаш сподели краток влог од Дерми кој го означи:

,,Моето прво влогче од Дерми”, а потоа покажа дека е на вечера каде се почести со морска храна. Тијана ги објави своите најмили на својот профил и напиша ,,Amores”, што во превод значи ,,Љубови”.

Додека патуваа накај Албанија, Миа објави дека носи шанцова кравата што всушност се користи за мобилизација на вратот при возење, а Миа откри дека има сколиоза која се смета за ,,модерна” болест во денешницата, па на долги релации, оваа кравата и е приоритет.

,,И шанц носам со стил значи, Ја и спондилозата,” напиша Костова.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.