Mицкоски ја потврди информацијата дека мајка му е позитивна на коронавирусот

Loading...

Дa, точно е. Мајка ми е позитивна, веќе неколку дена. Направено е тоа епидемиолошко интервју со неа, луѓето кои биле во нејзина близина се разбира ќе бидат и се веќе во самоизолација, изјави денеска христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на новинарско прашање за време на неговиот престој во Струмица.
„Јас подолг период се немам видено со мајка ми имајќи предвид ризикот на кој што сум секојдневно изложен бидејќи секојдневно се среќавам со луѓе и разговарам. Веќе неколку дена, би рекол 5/6 дена е во домашни услови и посакувам добро здравје. За жал и кај нас во семејството ја почувствувавме директно оваа пандемија и се надевам дека побргу ќе помине. Ние сме тука да ѝ ги олесниме деновите кои претстојат во борбата против овој вирус. Истовремено да им посакам на сите граѓани многу здравје и да се чуваат бидејќи јас, за разлика од други определени политичари, нема да ја релативизирам таа работа. Многу сериозен е овој вирус и луѓето што го преживуваат, сериозно го преживуваат. Имајќи ја предвид неспособноста на Владата, имајќи ја предвид неспособноста на ресорниот министер да се справи со оваа пандемија, таа за жал на дневна основа е сѐ повеќе присутна помеѓу нас. Но и тоа е уште еден мотив повеќе за мене за да излезам до 15 јули да разговарам со што е можно повеќе граѓани, да ги убедам на 15-ти јули да ја поразат оваа власт предводена од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев“, изјави Мицкоски.

loading...