МАЈКА МУ ГИ ИСКРШИЛА КОСКИТЕ НА БЕБЕТО: „Сопругата ми рече дека се повредило од цуцлата“

Шестомесечно бебе од селото Слатина е примено во петокот во болницата во Јагодина со искршеници на коските и модрици по целото тело.Полицијата по повод на овој случај ги сослушала родителите Зоран (45) и Јелена Бојовиќ(17) но тие засега не се осомничени за семејно насилство.
Модрици под окото
Зоран Бојовиќ за спрски Курир изјавил дека во петокот кога си дошол од работа забележал дека неговиот син има модрици под окото.
Сопругата му рекла дека детето се повредило со цуцлата . „Сепак го однесов на лекар да го проверат и тие ми рекоа дека има искшеници на коските. Затоа му ставија гипс и го задржаа во болница!“- кажува Зоран.
Тој исто кажува и дека завчера бил во полиција каде го испрашувале цели 4 часа. Им рекол дека неговата жена се грижела за бебето во негово отстуство и дека беспрекорно се однесувала со него. А дали го злоупотребувала додека биле сами незнае, но верува дека намерно не го повредила.
Тој исто додал и дека е шокиран поради тоа што полицијата мисли дека детето е жртва на семејно насилство. Јелена е млада мајка и можно е да не се снаоѓа баш совршено со детето но тој е сигурен дека таа ништо не му направила намерно.
Денес ќе се формира комисија во болницара за да се дознае како му се нанесени повредите на ова мало бебенце. Полицијата по повод на овој случај ги сослушала родителите Зоран (45) и Јелена Бојовиќ(17) но тие засега не се осомничени за семејно насилство.

Пронајдете не на следниве мрежи: