MaxTV води двајца љубители на фудбалот на финалето во ЛШ на Вембли

Loading...

MaxTV ќе им овозможи на две лица да известуваат за атмосферата од финалето на Лигата на Шампиони директно од стадионот Вембли во Лондон.

Заинтересираните треба да се пријават со пополнување на апликација и да снимат едно минутно интересно и креативно видео во кое ќе покажат зошто заслужуваат да присуствуваат на финалниот натпревар на Лигата на Шампиони во улога на MaxTV репортери.
Пријавувањето и поставувањето на видеото ќе биде преку фејсбук фан страницата на MaxTV https://www.facebook.com/mk.maxtv.
Сите видеа ќе бидат објавени на Youtube страницата на MaxTV. Од пристигнатите видеа, специјално жири ќе направи избор на 10 кандидати за MaxTV репортери коишто ќе влезат во финалниот избор. Листата на финалистите ќе биде објавена на 8 Мај на MaxTV фејсбук страницата, на www.t-home.mk и на www.idividi.com.mk.
Финалниот избор на двајца MaxTV репортери ќе се направи на 9 Мај во Скопје каде ќе биде организиран мини натпревар на фудбалски вештини.
На двајцата MaxTV репортери ќе им се обезбеди авионска карта, хотелско сместување и карта за следење на финалето од UEFA Лигата на Шампионите директно од Стадионот Вембли!
Maкфакс
MaxTV ќе им овозможи на две лица да известуваат за атмосферата од финалето на Лигата на Шампио

loading...
Loading...