Месечен хороскоп април 2015

Месечен хороскоп април 2015Овен
Љубов: Дефинитивно ова е месец на љубовта. Оние кои се сакаат ќе се сакаат уште повеќе а нема да има никакви проблеми. Ќе уживате со саканата личност во текот на целиот месец. Вие најмногу ја сакате пролета па овој месец совршено ќе го искористите. Ве очекува одлично расположение, а и многу позитивни изненадувања од партнерот.
Работа: Одличен месец и на финансиски план, ќе имате добри деловни понуди а ќе го избирате и најдоброто за себе.
Бик
Љубов: Во текот на првите 20 дена од месец април можни се проблеми во комуникацијата со партнерот, да не речеме кавги, поради трети личности и тоа личности кои вам и не ви се толку важни во животот. Па така кавгите поради пријателите или погрешен пренос на информации може да ви ги расипат однсотие. Размислете добро за зборовите кои излегуваат од вашата уста.
Работа: Одличен период за работа. Ќе ги охрабриме сите оние кои досега имаа пад на енеријата. Овој месец се ќе се одвива добро на работен план а што е најважно за вас ќе има и финансиски резултати.
Близнаци
Љубов: Можеби ќе има неколку лоши љубовни денови во првата половина на месецот…Но секој има пролеми во врска и тоа не е крај на светот. Размислете полека со ладна глава. Не пробувајте ништо сами да правите затоа што можно е да донесете лоша одлука иако имате најдобра намета. Ако имате некои тајни што ги премолчевте од партнерот време е да ги кажете сега.  Во втората половина на април се ќе се среди.
Работа: Имате работа која многу ви значи но во последниот период не се трудевте многу. Имате финансиски проблеми веќе долго време а не се трудите ништо да промените. Време е да најдете дополнителен извор на приходи.

 
Рак
Љубов: Не е се во љубовта има нешто и во парите…Ако на деловен план ви е совршено тогаш во љубовта нема да ви е. Но се ќе помине. Можно е да имате проблеми со партнерот поради тврдоглавоста. Некои одлуки на партнерот, некои замерки и коментари ќе ве доведат до лудило, но во никој случај нема да се расправате.
Работа: Треба овој месец да биде еден од најдобрите оваа година. Можно е напредување во кариерата. Но секако треба малку и сами да се пофалите. Ве очекуваат и добри финансиски резултати.
Лав
Љубов: Првата половина од годината е добро поставена за вашиот љубовен живот. Овој месец ќе биде преполни о позитивни емоции. Во првата половина на април ве очекува емотивно исполнување и зголемена страст. Во текот на овој период ќе биде актуелен и социјалниот статус. Ве очекуваат „жешки“ приказни со партнерот. Многу од вас ќе ја стабилизираат врската и се ќе биде онака како што треба.
Работа: Лесно ќе ги остварувате своите цели, директно и без проблеми. Преземете акција а претходно добро смислете се. Важна  е енергијата и во никој случај не започнувајте кавги.
Девица
Љубов: Овој месец може да се соочите со непотребен излив на љубомора од својот партнер, па обидете се да не направите ниту еден чекор кој само би ја зголемил напнатоста. Не му давајте ни најмала шанса да се посомнева во вашата верност и посветеност. Ако дојде до такви проблеми бидете разумни и не настапувајте со нервоза.  На семеен план се можни мали искушенија и несогласувања.
Работа:  Девиците оваа недела може да имаат благ напредок во кариерата. Оние кои веќе долго се на едно работно место, ги очекува застој односно нема да има промени. Овој месец ќе бидат ценети вашите вербални способности.

 
Вага
Љубов: Добар месец е пред вас, ќе го подобрите односот со партнерот, а планетата на љубовта ќе ви помогне во тоа. Оние кои се долго во врска ќе размислуваат и за брак или почеток на заеднички живот. Кон крајот на месецот се можни мали но не сериозни кавги.
Работа: Овој месец конечно ќе излезете од економската криза. Искористете го овој период за дополнителна заработувачка. Навистина шансите се одлични.
Скорпија
Љубов: Средината на месецот ќе биде најдобриот период за вас. Пред тоа се можни проблеми со партнерот, доста нервирање, стрес и замарање. Можни е партнерот да направи нешто тажно, а вие нема да може да преминете преку тоа. Бидете подготвени на компромиси.
Работа: За жал и на ова поле тежок месец е пред вас. Лоша финансиска состојба и зголемен обем на работа.
Стрелец
Љубов: За разлика од деловните случуања, љубовта овој месец ќе биде во ред. Секако, морате да го контролирате вашето однесување, не дозволувајте стресот од љубовта да го пренесувате на работното место. Гледајте повеќе да се посветите на себе, на својот одмор и емотивно внимание. Втората половина од месецот ќе биде поразочарувачка. Но, кон крајот на месецот работите ќе се средат.
Работа: Би сакале да напишеме нешто позитивно овој месец, но едноставно нема… Нема да има големи катастрофи но подгответе се за стрес. Лошите услови ќе бидат предизвикани од страна на вашите соработници.

 
Јарец
Љубов: Убав месец е пред вас, односот со парнерот ќе биде добар, проблемите ќе исчезнат, па хармонијата ќе завладее во врската. Не се очекува стресен период, а овој хармоничен период ќе ве натера да размислувате за сериозни одлуки. Можно е овој месец со саканата личност да заминете на патување односно на романтичен викенд.
Работа: Релативно мирен, односно стандарден месец е пред вас. Можни се мали проблеми во комуникацијата со соработниците, па ако одите на некои разговори за работа внимавајте на односот.
Водолија
Љубов: Планетата на среќа, радост, добри околности ќе бидат присутни до 12-ти август, во вашето поле на партнерството, брак и со тоа ќе допринесе на одлични односи со партнерот. Ќе имате исклучителна среќа на љубовен план овој месец. Се е на ваша страна…Среќа, среќа, радост! Многу поволен период кога љубовта е во прашање. Некои ги очекува нова врска, други ќе го подигнат нивото на врската, а и дел ќе ја обноват врската. Во секој случај само убави случувања.
Работа: Имате силна поддршка. Ова е месец за реорганизација. Неочекувани позитивни пресврти. Ќе бидете упорни и сите свои цели ќе ги остварите. Можни се мали несогласувања со надредените. Некој не се согласува со вашиот начин на работа. Внимателно со парите.
Риби
Љубов: Овој месец може да биде малку незгоден за вас, и лошо да влијае на вашиот партнер. Ќе ви пречат неговите коментари, ќе биде нервозен без причина, а вие нема да сакате да се прилагодите. Ќе го подигнувате тонот за секоја ситница. Вие треба да го смирите а не да ги влошувате работите. Знаете и сами што сака партнерот па расположете го.
Работа: Бидете одговорни за тоа што го правите. Обидете се да ги завршувате работите во зададениот рок, а деловната комуникација нека биде на ниво.
 Овен
Љубов: Дефинитивно ова е месец на љубовта. Оние кои се сакаат ќе се сакаат уште повеќе а нема да има никакви проблеми

Пронајдете не на следниве мрежи: