Moody’s очекува Италија да побара финансиска помош

Loading...

И покрај формирањето на новата влада со што најверојатно ќе биде избегната директната криза, Италија сепак сé уште би можела да побара пакет финансиска помош, сметаат аналитичарите во меѓународната рејтинг агенција Moody's.

 „Сé уште не можеме да ја исклучиме можноста дела Италија ќе побара помош од европската централна банка и од Европскиот механизам за стабилизација”, изјави во понеделникот за миланскиот дневен весник La Repubblica, Дитмар Хорнунг, висок функционер во Moody's.
Новата италијанска влада на чело со премиерот Енрико Лета ја положи свечената обврска во неделата, а премиерот ќе ја побара довербата за неговиот кабинет од двата дома на парламентот подоцна во понеделник во 15 часот.
Се очекува дека Лета ќе ја добие поддршката од неговата Демократската партија на левиот центар (PD) и партијата на десниот центар Народ на слободата (PdL) на поранешниот премиер Силвио Берлускони, со што треба да се избегне двомесечната политичка блокада на земјата откако на парламентарните избоди одржани на 24-ти и 25-ти февруари кога не се доби јасен победник.
„Ќе мораме да ја верификуваме предаденоста на новата влада и нејзините способност решително да ги продолжат големите структурни реформи кои се неопходни за земјата да го подобри својот кредитен рејтинг. Засега ситуацијата и натаму е тешка”, вели Хорнуг.
Агенцијата Moody's во петокот го задржа кредитниот рејтинг на Италија на ниво Баа2, благодарејќи на моментално разумно ниските трошоци на задолжување и примарниот суфицит на земјата. Меѓутоа, агенцијата ја задржа и негативната прогноза за италијанскиот суверен кредитен рејтинг поради продолжувањето на економската криза.
Макфакс
И покрај формирањето на новата влада со што најверојатно ќе биде избегната директната криза, Италија сепак сé у

loading...
Loading...