МОРБИДНО: 6 дена тврдеа дека мајка ми е жива, а кога стигнавме во куќата глетката беше застрашувачка

Светлана Мишковиќ, која живее во Аустрија, 6 дена во текот на катастрофалните поплави и велеле дека мајка и Милица Митровиќ (80) од обреновската населба Забрежје, е жива и уште и гарантирале дека била пренесена и згрижена во прифатилиштата. Но кога стигнала во куќата на мајка и, глетката била морбидна – уништен леш лежел во ходникот.- Цели 6 дена од 16. Мај до следниот четврток ме уверуваа дека мајка ми е префрлена на Белградскиот саем, и дека нема потреба да доаѓам од Австрија порано отколку што планирав. Ми гарантираа дека е евакуирана и однесена во Ројковац, оттаму во прифатилиште, дека е жива, дека биле во куќата и дека таа сигурно не е таму. Меѓутоа кога дојдов ја најдов во ходникот, уништена. Се потопила, а животните продолжиле да ја јадат – раскажува нејзината ќерка Светлана Мишковиќ која на 22. Мај ужасната глетка ја затекнала кога се вратила во Србија.
– Полицијата цело време не убедуваше дека е на сигурно и дека е жива. Јас и ќерка ми ја баравме на саемот, но таа не беше таму. Во еден момент ги молев да дојдат и да ја срушат вратата од куќата во која обично спие, а во помалата престојува преку ден. Тврдеа дека и тоа го направиле и ми рекоа да не доаѓам повеќе, гарантираа дека е во засолништата. – раскажува Светлана.
– Дури тогаш, минатиот четврток полицијата без мене тргна од овде. Мојот брат ги видел кога тргнале по улицата и тргнал по нив. Ја срушија вратата и ја пронајдоа. Боли кога ќе се сетам каква глетка беше тоа. Уништена. Солзи веќе немам, непрестанатпо плачам. Немам зборови за ова што го видов и доживеав. Таа беше стара и болна жена, но можеше уште да живее ако ја евакуирале, како што рекоа дека направиле – раскажува Светлана.
Продолжува на следната страна:

 
Судејќи по се, бабата Милица требало да биде евакуирана пред водата да го поплави Забрежје. Со оглед на тоа дека водата вопрвиот талас не стигнала ниту до оградата, а таа се плашела од хеликоптери одлучила да остане во куќата. Кога водата стигнала до неа, омош веќе немало.
– Последен пат се слушнавме тој петок кога целиот Обреновец беше поплавен. Тогаш водата не била стигната до неа. И реков да оди. Подоцна кога ја побарав телефонот само еднаш заѕвоне и тоа беше тоа. Најдена е на самиот влез на прагот помеѓу спалната соба и ходникот. Изгледа дека станала од креветот, водата ја понела, паднала, асталажата со обувки паднала над неа. Вратата била доволно подотворена за подоцна да влезат кучињата – раскажува Светлана која планирала цело лето да го помине во Србија со својата мајка, а наместо тоа ја погребала.- Цели 6 дена од 16. Мај до следниот четврток ме уверуваа дека мајка ми е префрлена на Белградскиот саем, и дека нема потреба да доаѓам од Австрија

Пронајдете не на следниве мрежи: