Му останале 6 месеци живот-погледнете што направил…

Крис Прајс (26) дознал дека боледува од рак и дека му останале уште 6 месеци живот.Крис кога ја запросил 29 годишната Чери, и ветил дека сето време кое му преостанало ќе го помине правејќи ја среќна.
Неговата болест не го спречило да ги помине последните денови со личноста која ја сака и тоа на начин кој ќе ги усреќи и двајцата.
Тие имале раскошна свадба, после која Крис ги донел неа и нејзините четири деца во Парискиот Дизниленд.
После враќањето од Париз, Крис одлучил еден викенд да ја однесе саканата во Њујорк за да го разгледаат градот и да одат во шопинг, за кој не се штедел и и купувал се што ќе посакала додека пак за нејзиниот роденден отпатувале во Лас Вегас, но за жал, тоа било последното нешто што успеал да го направи.
 Крис починал минатиот месец, а Чери се разделила од него во истата црква во која пред шест месеци се венчале.

 
“Крис како да сакаше да ги помине последните денови правејќи ме среќна. Многу работи направивме во овие шест месеци”, рече Чери и додаде: “Тој беше позитивен и никогаш не зборуваше за смртта. Во времето кое му преостана, единствено нешто што сакаше беше да не направи мене и моите деца среќни”.
Крис и Чери се познавале откако биле тинејџери, но во јануари 2012 година ја започнале нивната врска. Се било во ред до април 2012 година, кога Крис почнал да чувствува болки во стомакот, а откако го посетил докторот му бил откриен рак на хранопроводот.
Но, после операцијата се било во ред до април 2013 година, кога му откриле и рак на белите дробови и црниот дроб.
“Да можеше мојата љубов да го спаси, тој ќе живееше вечно. Но, неговата болест го натера да живее за моментот, а ме научи и мене како да го правам тоа. Почина во моите раце”, раскажа Чери и додаде дека не жали за ништо затоа што ги поминале тие шест месеци на најубав можен начин.Крис кога ја запросил 29 годишната Чери, и ветил дека сето време кое му преостанало ќе го помине правејќи ја среќна.
Неговата болест не го

Пронајдете не на следниве мрежи: