Начинот на кој ве гали говори многу за него

Говорот на телото на мажот во интимните моменти може да покаже што чувствува кон вас… За да добиете увид во неговите особини и скриени желби, набљудувајте на кој начин тој сака да се гали во вас, додека лежите заедно.Ве привлекува на своите гради
Иако ваквиот маж можеби се прикажува како фраер, тој всушност е големо бебе. „Кога тој ќе ве привлече близу своето срце покажува дека е прврзан кон вас и има длабоки чувства“, објаснува експертот за комуникација Одри Нелсон, авторка на книгата You Don`t Say. „Со овој потег, додека сте потрперни на мажествениот дел од неговото тело – неговите гради– покажува дека може да ве заштити“.
Овој маж сака да се грижи за својата девојка, било да се работи за поставување полици или подготвување топло чоколадо по напорен ден на работа. Во кревет веројатно ќе ја превземе контролата – неговите омилени пози се мисионерска и кучешката.
Положба- лажица
Размислете за оваа положба: стуткани тело до тело, вашиот задник на неговата машкост, а неговите раце слободни да лутаат. Ова дефинитивно е многу страствена положба. „Овој маж веројатно има голем сексуален нагон“, вели Нелсон. „Иако навистина ужива во галењето, можеби има проблем со изразување на емоциите“. Можете да очекувате дека љубовта попрво ќе ви ја покаже со гестови отколку со зборови.

Ќе ја стави главата во вашиот скут
Доколку сакате да се грижите за својот маж, сте добиле џекпот. „Мажите кои ја сакаат оваа положба склони се да бараат многу внимание во врските – очекуваат од своите партнерки да им помогнат да се чувствуваат подобро во својта кожа“, објаснува Питер Андерсон, професор на Универзитетот во Сан Диего. „Тој веројатно нема проблем со изразување на емоциите, многу е чувствителен и подготвен да сподели со вас се што му се врти во главата“. Овој маж сака да ве направи среќни – ќе ве опсипува со внимание и неговата мисија ќе биде потполно да ве задоволи во кревет.
Ќе ја префрли едната рака преку вас
„Префрлувањето една рака преку вашето рамо не е баш интимен потег“, вели Андерсон. „Ќе ве прегрне, но нема ни малку да се прилагоди на вашата положба“. Добра вест е тоа што тој е свесен дека блискиот контакт е важен за вас и ја почитува вашата потреба за галење. Во сексот ќе настојува да ве задоволи, само треба да му дадете насока.Ве привлекува на своите гради
Иако ваквиот маж можеби се прикажува како фраер, тој всушност е големо бебе. „Кога тој

Пронајдете не на следниве мрежи: