Неделен хороскоп 02.11.-08.11.2015

Неделен хороскоп 02.11.-08.11.2015Овен
Се наоѓате во фаза кога сте на крај со сите проекти и го зголемувате темпото за работа. Многу време ќе губите на детали и ситници во текот на целата недела. Бидете внимателни зошто недостатокот на витамини и минерали многу лошо ќе се одрази на вашето здравје во овој период. 
Бик
Мислите ви се окупирани од лични проблеми и недоразбирања а тоа негативно ќе се одрази на работата. На новата деловна соработка гледајте внимателно не се препуштајте веднаш, прво видете ги ризиците. Бидете внимателни и со она што го зборувате пред соработниците. 
Близнаци
Несигурноста која ја чувствувате оваа недела нема да биде долготрајна. Немојте да помислите дека ако соработниците бараат повеќе работи од вас да направите дека не се задоволни. Ќе видите набрзо дека се функционира на најдобар можен начин. 
Рак
Одлична недела на деловен план, но во првиот ден од неделата не се разочарувајте. Водете повеќе сметка за тоа што го работите. Вториот дел од неделата ви носи признание и многу пофалби од сите ваши соработници. Ве очекува одличен викенд. 
Лав
Чувствувате недостаток на креативно расположение во ситуациите кога треба да илезете во пресрет на нечиј барања, ви се чини дека компромисот оди на ваша штета. Предност давате на работите кои можете да ги извршите во пократок временски период и без нечија асистенција. Важно ви е да остварите практични цели и перспективна работна реклама.
Девица
Важно ви е да ги разрешите различните дилеми на работната сцена и истовремено да одговорите на нечиј барања. Во согласност со своремениот работен тренд, потребни ви се нови или ефикасни работни решенија. Комбинацијата од интуиција и практичен ум претставуваат добар модел и донесува долгорочни работни ефекти. Порано или подоцна ќе мора да се соочувате со своите љубовни илузии.
 

 
Вага
Поминувате низ различни фази на творечко расположение и можности, понекогаш ви недостасува добра волја детално да ги објасните своите намери или да се расправате со соработниците кои имаат различни работни ставови. Важно е рационално да ја користите својата енергија, ако се расејувате на повеќе страни тоа може да ве одалечи од основните интереси и цели. Споредните работи оставете ги за некоја подобра шанса.
Скорпија
Важно ви е околината да ги прифати новите решнија или современите идеи, кои имаат позитивно влијание на понатамошниот развој на работната сцена. Имате сериозни намери и не дозволувајте да ве ограничуваат во било која смисла. Енергичноста со која ги завршувате своите работни обврски околината ги толкува на различни начини. Постојат соработниците кои го одобруваат вашиот успех, но и оние кои го осудуваат вашиот стил на изразување.
Стрелец
Имате преземено на себе голема одговорност во различни ситуации, со намера да влијаете на сите важни аспекти во службените-финансиски преговори. Забележувате дека соработнците внимателно го следат или оценуваат вашето ангажирање. Сепак, имате доволно сила да се изборите со различните проблеми. Доволно сте разумни да ја сочувате својата работна позиција и да прифатите нечие влијание
Јарец
Нови случувања на работната сцена бараат дополнително внимание и ангажираност, но и покрај различните притисоци поголемиот дел од обврските ги завршувате во последен момент. Ве мачи финансиската неизвеснот, важно ви е да го инвестирате своето знаење и енергија во корисни цели. Потребно е да сочувате добар соработнички однос како би ги оствариле своите работни визии.
Водолија
Делувате многу енергично и важно ви е да го забрзате работниот ритам во своето опкружување. Посветете внимание на нивото на прилагодување во ситуациите кои имаат влијание на заедничките интереси. Кога и да ви се укаже добра работна шанса, ги избирате полесните или едноставни решенија. Сепак, постојат околности кои не зависат од вашата волја или влијание.
Риби
Со добра проценка на можностите и правилниот избор на соработнците може да ги остварите своите цели на работната сцена. Понекогаш мора да делувате енергично и ултимативно во друштво на соработниците. Не дозволувајте некој да ве залажува со погрешни информации, кои може да ве наведат на лош работен потег. Во ваш интерес е да ја сочувате добрата работна и општествена позиција.Овен
Се наоѓате во фаза кога сте на крај со сите проекти и го зголемувате темпото за работа. Многу време ќе губите на детали и ситници во т

Пронајдете не на следниве мрежи: