Неделен хороскоп 07.12.-13.12.2015

Неделен хороскоп 07.12.-13.12.2015Овен
На дневен ред се нови деловни обврски кои бараат дополнително да се ангажирате. Бидете внимателни во комуникацијата со соработниците. На време побарајте некој совет за финансиска проценка. Нема причина лесно да го подарувате вашето внимание. 
Бик
Изгледате загрижено поради поради новите случувања на деловната сцена. Но со дополнителна решителност ќе покажете дека имате добри решенија. Понекогаш дискрецијата е неопходна па затоа заштитете се од љубопитните погледи. Немојте да дозволите за вас да се шират погрешни приказни.
Близнаци
Умеете брзо да се прилагодите на нови правила и заинтересирани сте за современи идеи. Сепак вашето отворено размислување може негативно да влијае на останатите затоа бидете многу внимателни за да не бидете сфатени погрешно. 
Рак
Нема причина да се воздржувате од остварување на целите и реализација на се што сте започнале. Обратете внимание на интесните идеи кои индиректно стигнуваат до вас. Но немојте премногу да се опуштите и да мислите дека можете се без труд. 

 
Лав
На вашето творечко расположение позитивно влијаат бројни средби кои ги имате во кругот на соработниците или интересните работни понуди. Дополнително ве замараат некои рутински ситуации во кои не постои можност за креативно изразување или работно експериментирање. Сепак, делувате оптимистично поради новите информации и се трудете да бидете активни на различни полиња во согласност со своите цели
Девица
Можно е изнудено да сте направиле некоја погрешна работно-финансиска проценка, така што ве очекуваат различни коментари и комликации во односот со соработниците. Околностите брзо се менуваат, размислете на кој начин треба даги сочувате своите работни интереси. Важно е да преземете иницијатива и да ги корегирате своите пропусти. 
Вага
Во согласност со своите блиц проценки најчесто имате големи амбиции, но се наоѓате во променлива психо-физичка фаза така што вашите резултати се подложни на различни оценки. Важно е да преземете инцијатива и да ги здружите своите интереси со личност која се наоѓа на некое „високо ниво“. 
Скорпија
Јасно ви е дека понекогаш различни случувања на работната сцена бегаат од контрола и тоа не треба посебно да ве загрижува. Непотребно се вплеткувате во соработнички полемики кои можа да ја искомпликуваат вашата позиција. Нема причина вашата моментална ситуација да ве обесхрабрува, почекајте на подобри услови во кои ќе преземете инцијатива во права мерка. Важно е мудро да ги сочувате своите работни интереси.

 
Стрелец
Благодарение на добрата проценка имате јасни цели и упорно ги браните своите работни интереси, ве очекуваат различни коментари во кругот на соработниците. Нема потреба да правите работни компромиси доколку тие не се во согласност со вашите морални начела. Ако некој се обидува да ве доведе пред свршен чин, важно е да се споривставите на адекватен начин и без последици.
Јарец
Често имате добра проценка и умеете точно да предивидете нечија реакција во службените преговори. Важно е да го сочувате својот работен углед или да оправдате нечија доверба, јасно ви е дека современиот пристап на заедничките теми или интереси донесува долгорочен успех. Секогаш постои добро решение, под услов правилно да ги поврзувате корисните информации. 
Водолија
Интересните идеи кои ги имате ја потврдуваат вашата оригиналност во размислувањето и ја потврдуваат вашата подготвеност да прифатите заеднички цели во договор со соработниците. Потребно е да ги усогласите различните интереси, кои можат да ви обезбедат работно-финансиски успех или ново професионално напредување. За среќа, околината ве поддржва да ги остварите своите работни интереси.
Риби
Важно ви е да ги остварите своите приоритети и да бидете добро информирани за различни работни ситуации. Корисните информации може да ве поштедат од непотребен напор и да ве стават во повластена позиција. Делувате промислено и имате точна претстава за целите кои треба да ги остварите во службените преговори. Сочувајте го добриот соработнички однос на различни страни.Овен
На дневен ред се нови деловни обврски кои бараат дополнително да се ангажирате. Бидете внимателни во комуникацијата со соработниците.

Пронајдете не на следниве мрежи: