Неделен хороскоп 09.11.-15.11.2015

Неделен хороскоп 09.11.-15.11.2015Овен 
Влегувате во мирна фаза што се однесува на бизнис настаните. И покрај тоа што нема големи несогласувања и промени сепак вашето незадоволство расте. Очекувавте многу повеќе од проектот во кој се вклучивте. Во втората половина на неделата очекувајте загуба на пари. 
Бик
Нема големи случувања на деловен план. Колку побрзо ги завршувате вашите обвски толку подобро за вас. Но постојано имате чувство дека ве зборуваат и многу работи се случуваат зад вашиот грб. За сега немате никакви причини за грижа. 
Близнаци
Многу енергија ќе трошите на дневните обврски кои за жал ќе се зголемуваат од ден на ден во текот на оваа недела. Некој има интересна понуда за вас за приватен проект и би требало да прифатите. Со соработниците имаате одлична комуникација. 
Рак
Освен почетокот на неделата кој ќе биде навистина напорен остатокот од неделата ќе помине со мирно расположение. Ако се потрудите може и да организирате разговор со личност која ќе биде многу важна за вас во иднина. Потребно е да ги одредите приоритетите за да не се загубите во обврските. 

 
Лав
Делувате многу енергично во ситуации кога се грижите за своите цели и интереси, но немате доволно концентрација да се посветите на детална анализа на случувањата. Постојат различни фази на можности во службените преговори. Важно е рационално да ја канализирате својата енергија и време. Непотребната расправа и задржувањето на непотребните детали може да ве одалечат од главните цели.
Девица
Ве следи чувство на неизвесност во проценката на новите случувања на работната сцена, но потребно е активно да учествувате во различни преговори. Не криете дека вашите очекувања се големи, меѓутоа забележувате дека соработниците често го менуваат своето мислење или ставови. Потпрете се на својот практичен дух и на способноста за аналитичко расудување. 
Вага
Важно вие  да бидете забележани во работните кругови, поради тоа смислено испробувате нови стратешки потези. Но се има своја цена или разумна гараница, до која ви е дозволено да импровизирате со совоите оригинални идеи. Внимателно анализирајте ги своите соработници и прифатете добар совет, важно е да го споите со некое корисно или практично решение.
Скорпија
Благодарејќи на добрата вештина на преговарање и прилагодување успевате да се вклопите во различни службени договори. Имате добро претчувство кога треба да преземете поголема акција и на основа на својата интуиција донесувате исправна одлука. Во договор со соработниците на лесен начин можете да ги остварите своите интереси. Проширете ги своите професионални интереси во различни правци на изразување.

 
Стрелец
Активно учествувате во различни случувања на работната сцена, како би реагирале во најдобар момент и би ја подобриле својата позиција во однос на останатите соработници. Умеете да процените поволна ситуација и верувате во своето знаење или способности. Сепак, вашата блиц интелигенција и снаодливост во настапот пред соработниците донесува само краткорочни ефекти. 
Јарец
Неочекувани промени или нови случувања на работната сцена го нарушуваат вашиот секојдневен ритам, но во свој типичен манир делувате многу енергично и не се откажувате од зацртаните цели. Умеете да пронајдете заобиколни и ефикасни решенија. Важно е да ги испочитувате зададените рокови и да придобиете нечија доверба
Водолија
Се обидувате да промените некои воспоставени правила која владеат на работната сцена, но забележувате извесно неодобрување. Околината не е заинтересирана да ги поддржи вашите современи идеи за работење. Некој од соработниците претставува главна пречка во потполност да ги реализирате своите работни-финансиски намери во различни правци.
Риби
Чувствувате креативна инспирација и потреба да ги проширите своите сознајни погледи. Различни работни можности делуваат многу поттикнувачки и поучно, поради тоа насочете го своето интересирање кон корисни цели. Важно е да го прилагодите својот професионален стил и вредносни критериуми согалсно заедничките итнереси.Овен 
Влегувате во мирна фаза што се однесува на бизнис настаните. И покрај тоа што нема големи несогласувања и проме

Пронајдете не на следниве мрежи: