Неделен хороскоп 16.11.-22.11.2015

Неделен хороскоп 16.11.-22.11.2015Овен
Во понеделник „ се приспособувате” кон новата енергија и  можно е  да ви недостасува желба и волја.  Од вторник до четврток нема да бидете многу продуктивни. Ќе бидете расеани и незаинтересирани за ништо. Но за време на викндот ве очекува промена, ќе сакате да се забавувате и да лудувате.
Бик
Финансиите во понеделник ќе ве мачат повеќе од потребното. Средината на неделата ќе помине во знакот на љубовта и емоциите. Некоја личност ви е наклонета а тоа ве расположува. Во недела опуштете се и дозволете си одмор.
Близнаци
Оваа недела ќе реализирате некои идеи повразни со работата. Ќе се појават мали потешкотии но вие одлично ќе се справите со тоа. Можно е да очекувате помош од некој пријател а да не ја добиете. Семејниот проблем кој ве мачи подолго време конечно ќе биде решен.

 
Рак
Дури и најситните детали ќе влијаат на вас на почеток на неделата. Секој мирис, боја и работи ќе ве навраќаат во минатото и ќе ги разбудат во вас скриените чувства. Во среда и четврток- забава, вечери пријатни луѓе со кои ќе поминете незаборавни моменти.  Во петок ќе реализирате луди идеи кои одамна ги планирате. Викендот авантурата ќе продолжи. Неделата може да биде малку помирна и поспокојна.
Лав
Некој внимателно го анализира вашето однесување или изјавите кои ги давате. Избегнувајте јавна расправа со соработниците кои користат различни работни критериуми. Постојат цели кои можете да ги остварите на некој заобиколен начин. Во љубовниот живот, ве очекува позитивен пресврт.
Девица
Благодарејќи на новите информации за работните можности ги проширувате своите итнереси во различни правци. Се наоѓате во сјајна шанса да остварите долгорочни работни интереси. Во споредба со своите соработници често имате „главен збор“ и умеете да оставрите добра позиција.

 
Вага
Во соглсност со своите афинитети избирате работа за која ви се чини дека има најмногу шанси за успех и поширока афирмација. Потребно е да осмислите добар план и да пресретнете одредени соработници. Правилната информираност и добрата работна организација водат кон успех, важно е ефективно да ги остварите своите цели без непотребни расправи.
Скорпија
Не сакате да ризикувате во службените-финансиски преговори, но забележувате дека некој од соработниците индиректно ги менува почетните услови или дека ги провлекува своите цели. Доколку не исполните нечиј барања, ве очекуваат дополнителни компликации и критики. Не можете да ги промените сегашните околности на работната сцена и да ги занемарите своите обврски.
Стрелец
Ваша главна задача во понеделник и вторник е да се натпреварувате со самите себе си. Среда ќе помине во знакот на деталите , но и во четврток и петок најдобро би било да застанете и се да погледнете од друг аспект.  Во сабота ве очекуваат  многу случувања, па нема да успеете на сите да им се посветите. 

 
Јарец
Важно ви е да ги проширите своите професионални интереси во различни правци, но постојат ситуации кои бараат и дополнителен напор. Ви се чини дека губите драгоцено време или енергија, додека ги слушате соработницитеза различни работни идеи коии немаат перспектива. Бидете реални, прифатете работи за кои имате доволно знаење или искуство.
Водолија
Избегнувајте соработка со личности кои ви создаваат различни непријатности, не е момент да се пресметувате со неистомислениците. Посветете внимание на работите кои ќе ви донесат конкретни резултати и финансиска добивка.
Риби
Се однесувате многу промислено и комплетната ситуација на работната сцена ја проценувате од различни аспекти. Потребно е да се определите за долгорочно работно-финансиско решение и за сигурен партнер. Успехот се сведува на детално палнирање и на правилна проценка на работните можности, својата креативна енергија насочете ја кон корисните цели.Овен
Во понеделник „ се приспособувате” кон новата енергија и  можно е  да ви недостасува желба и волја. &

Пронајдете не на следниве мрежи: