Неделен хороскоп за 11.01.-17.01.2016

Неделен хороскоп за 11.01.-17.01.2016Овен
Се обидувате да заобиколите некои воспоставени правила или процедури во работните односи, но проблемите со кои се соочувате бараат дополнителен напор и добра концентрација. Нема потреба да ги преценувате своите професионални можности пред околината. Препуштете на соработниците да одлучуваат за заедничките интереси, посебно во ситуациите кои ги надминуваат вашето знаење или практично искуство.
Бик
Имате направено добра работна проценка, потребно е да ја докажете својата професионална умешност во остварувањето на практичните цели од заеднички интерес. Некој се обидува да ви го сврти вниманието во погрешен правец, не дозволувајте да ве оптеретуваат со разни коментари. Сепак, заострената работна клима делува многу поттикнувачки во одлучувачки ситуации.
Близнаци
Важно ви е да придобиете нечија доверба или поширока наклонетост во работните кругови, поради тоа делувате промислено и внимателно. Информациите со кои располагате не претставуваат гаранција за успех, но вие имате добар интуитивен сигнал кој ве наведува да правилно решение. Јасно ви е дека работните правила или околности брзо се менуваат, мудро чекате подобра шанса. 

 
Рак
Се наоѓате во сјајна-психо физичка форма, вашите соработници очекуваат да делувате многу успешно или над просечните мерила. Ви импонира сознанието дека околината има доволно доверба во вашите професионални способности. Добрата работна стратегија и прецизните потези претставуваат гаранција за долгорочен успех. Сепак, постојат ситуации кои не зависат од вашата волја.
Лав
Делувате многу амбициозно и со барања, така што на сите им станува јасно дека не сакате некој да ве нарушува или успорува во вашите работни планови. Вложувате голема енергија во различни цели и не дозволувате некој да го критикува вашиот начин на работа. Наместо да фаворизирате натпреварувачки однос со соработниците, прилагодете го својот стил на однесување и не влегувајте во финансиски или имотен ризик.
Девица
Преокупирани сте со размислување за нови работни планови или натрупани обврски кои ве пратат. За жал, не можете да се пофалите со добрата комуникација во кругот на работните партнери. Понекогаш мора да преземете соодветен работен ризик во согласност со зададената ситуација и предизвик. Потребно е да се определите за корисни цели, кои ќе ви овозможат подобри професионални услови.

 
Вага
Делувате многу амбициозно и сакате да остварите низа на работни цели на ралзични нивоа. Доволно сте иницијативни, така што соработниците имаат доверба во вашите професионални способности. Снаодливоста при финансиските трансакции ветува добар профит или некој вид на материјална добивка. Заинтересирани сте за нова работна понуда која подразбира поширока соработка. 
Скорпија
Способноста за добро забележување и сјајната концентрација ви помагаат да ги остварите своите работни цели. Важно е да поттикнете креативност во идеите, ве очекува заедничка добивка и можност за обновување на некои службени договори. Во зависност од личното итнересирање или мотивација, избирате варијанта која донесува најдобри резултати.
Стрелец
Во согласност со поставените приоритети имате своја визија и не сакате да прифатите компромисна понуда, на таков начин непотребно ја отежнувате својата работна или општествена позиција. Имате прифатено премногу обврски кои почнуваат да ве замараат. Доколку ви е важно да го сочувате добриот работен рејтинг, здружете ги своите интереси со сигурни соработници и прифатете нечие влијание.

 
Јарец
Важно ви е да остварите нови или корисни цели на различни страни. Важно е да обновите некои работни контакти и да се приклучете на тим на соработници за кои ве врзуваат слични професионални интереси и визии. Определете се за варијанта која ви овозможува напредување на работната летвица на различни нивоа и бидете внимателни со вложувањето на пари.
Водолија
Делувате претенциозно и имате впечаток дека се наоѓате пред остварување на важни работни цели. Поради лошите работно-финансиски проценки, ве очекува привремена фаза на стагнација и некои дополнителни обврски. Сепак, се е можно да се корегира во согласност со личната мотивација и зададените услови.
Риби 
Важно ви е да остварите нови службени контакти и важни цели во преговорите. Потребно е да оставите добар впечаток на средбата со соработниците. Од вашето заложување и дипломатски манири зависат конечните резултати. Важно е правилно да ги дефинирате заедничките интереси да ги истакнете своите професионални способности. Се се сведува на добрата проценка и на успешното планирање.Овен
Се обидувате да заобиколите некои воспоставени правила или процедури во работните односи, но проблемите со кои се соо

Пронајдете не на следниве мрежи: