Nissan инвестира 320 милиони долари во нова фабрика во Индија

Loading...

Француско-јапонскиот производител на автомобили Renault-Nissan ќе инвестира 320 милиони долари во проширување на капацитетите во Индија за да ја капитализира побарувачката за евтини возила на пазарите во развој.

Двете компании ќе потрошат по 30 милијарди јени (320 милијарди долари) во изградба на втора фабрика во близина на индискиот град Ченај, која ќе произведува 200.000 автомобили годишно до крајот на 2014 година, пишува во петокот јапонскиот деловен весник Nikkei.Во постоечкиот погон на истата локација се произведуваат 400.000 автомобили годишно.Новата фабрика ќе го произведува брендот на Nissan „датсун“ и неколку економични модели на Renault кои се во фаза на развој.
Макфакс
Француско-јапонскиот производител на автомобили Renault-Nissan ќе инвестира 320 милиони долари

loading...