Официјално: Денис Мурат и Јоце Панов ќе настапат на „Сунчане Скале“ 2013

Организаторот на реномираниот фестивал „Сунчане Скале“ ја објави официјалната листа на изведувачи кои ќе настапат на овогодинешното издание на фестивалот. На 29-ти јуни на големата фестивалска сцена во Херцег Нови (Црна Гора) ќе слушнеме вкупно 20 песни, меѓу кои и нашите изведувачи Јоце Панов и Денис Мурат.
 
Нашиот поп пејач Јоце Панов ќе се претстави со модерна балада по светски терк која го носи насловот „Боли ме твој додир“, песна чии музика и текст се на Роберто Поп Димитров, а аранжман и продукција на Миро Буљан, каде што е и снимена песната. Пред фестивалот песната ќе добие видео запис.
 
– „Оваа песна ја чуваме точно 10 години и чекавме прав момент за да ја отпеам. Мислам дека сега и правото време, а и многу повеќе доби на тежина песната со аранжманот и продукцијата на Миро Буљан“, вели Јоце Панов.
 
Денис Мурат ќе се претстави со темата насловена „Бол у срцу мом“, која е авторска композиција на Глигор Копров. На сцената Денис ќе го видиме во кореографија на балетското студио „БАХ“ од Струга. Песната ќе биде промовирана со видео запис под режисерската палка на Дарио Јанковиќ, а наскоро ќе добие и македонска верзија.
 
Сите песни од овогодинешното издание на фестивалот ќе бидат пуштени во етер по 5-ти јуни, а ќе можат и да се преземат од официјалната веб страница на „Сунчане Скале“.Организаторот на реномираниот фестивал „Сунчане Скале“ ја објави официјалната листа на изведувачи кои ќе н

Пронајдете не на следниве мрежи: