Во Прилеп денеска се спроведува широка полициска акција, при што се вршат претреси на повеќе места низ градот. Акцијата се реализира по налог на надлежните институции и е поврзана со сомневања за евентуални злоупотреби во рамки на Општата болница со проширена дејност.
Освен во самата установа, претреси се вршат и во неколку приватни домови на лица за кои постои сомнение дека се поврзани со случајот.
Повеќе информации за акцијата се очекуваат во текот на денот.
-Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, а поврзано со финансиското работење на болницата. Обезбедени се наредби за претрес на осум локации, а дејствијата ги презема Управата за финансиска полиција. По претресите, предистражната постапка ќе продолжи со други дејствија за обезбедување докази.