Опасниот aзиски стршен кој напаѓа и луѓе и пчели се појави на Балканот!

Опасниот aзиски стршен кој напаѓа и луѓе и пчели се појавил во Словенија!Словенечкиот пчеларски сојуз потврдил дека за првпат во таа земја бил забележан азискиот стршен, неавтохтон вид кој во последните години во повеќе земји предизвикува големи штети кај пчелите, а во некои ситуации е опасен и за луѓето.
Присутноста на азискиот стршен неодамна ја пријавил пчелар од Пивка во западниот дел од земјата, каде, како што се претпоставува, дошол од Италија, каде го има од претходно.
Пчеларот во своите кошници забележал поголема штета, а експертите ги повикуваат и останатите одгледувачи да да бидат внимателни и да разменуваат информации за можното понатамошно ширење на грабливецот.

 
Азискиот стршен, против кој европските пчели немаат природни одбрамбени механизми, за првпат се појавил во Европа во 2005 во јужна Франција, а оттогаш се проширил во Шпанија, Велика Британија и Италија.
Поголем е од обичниот европски стршен и може да порасне до шест сантиметри. Лета со брзина од 60 километри на час, а пчелите не ги напаѓа само во лет туку влегува и во кошниците. За минута може да убие 40 пчели кои против него, за разлика од азиските, немаат ефикасни методи на заштита.
Во некои ситуации може да биде опасен и за луѓето, и тоа не само за оние алергични на убоди, а неодамна во Франција од убоди на азиски стршен умреле шест луѓе, предупредуваат експертите.Словенечкиот пчеларски сојуз потврдил дека за првпат во таа земја бил забележан азискиот стршен, неавтохтон вид кој во последните години во повеќе

Пронајдете не на следниве мрежи: