Осумгодишен ученик е во бессознание откако соученичка го турнала и паднал на глава

Помеѓу часовите за време на големиот одмор во основно училиште, вчера во 9.10 часот во делчевското село Разловци, настанала меѓусебна расправија помеѓу ученик на возраст од осум години и ученичка од истото училиште на истата возраст.Ученичката во еден момент го турнала ученикот кој паднал на глава, по што станал и продолжил со следење на наставата на преостанатите часови.
Кога си заминал дома, бидејќи му се влошила здравствената состојба и паднал во безсознание, бил однесен во амбуланта во Делчево. Од таму со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот Центар во Кочани, а потоа како итен случај веднаш бил упатен во Ургентниот Центар во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информира МВР.
 
 Ученичката во еден момент го турнала ученикот кој паднал на глава, по што станал и продолжил со следење на наставата на преостанатите часови.

Пронајдете не на следниве мрежи: