PayPal воведе плаќање со крипто валути

Loading...

PayPal објави дека корисниците од САД ќе можат да користат крипто-валути за да платат во милиони онлајн продавници. Со новата функционалност „Checkout with Crypto“ ќе се овозможи плаќањето со криптовалути во продавници кои досега немаа ваква функционалност.
Корисниците кои во PayPal новчаникот имаат биткоин, етер, биткоин кеш или лајткоин сега ќе може да ги искористат за плаќање. Овие валути најпрво се конвертираат во долари и потоа се плаќа како и досега. Ако трговецот не прифаќа долари, тогаш ќе има уште една дополнителна конверзија од долари во локалната валута со стандардниот курс. PayPal нема дополнително да наплаќа за „Checkout with Crypto“ трансакциите.
Новата функционалност ќе се прикажува автоматски ако купувачот има доволно средства во крипто-валути да ја заврши трансакцијата, а целиот процес е многу едноставен.
За секоја трансакција ќе може да се користи единствено една крипто-валута, односно нема да може да се комбинираат различни крипто-валути при плаќањето.

loading...