ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО ШОК: Поштар пријавил дека е ограбен додека ги разнесувал пензиите, но погледнете што се случило…

Приказната за поштарот Марко Сукнаиќ (32) кој со камења го нападнале разбојници и го ограбиле со закана од огнено оружје во Кошара, недалеку од Огулин, која пред неколку дена ја згрози јавноста, доби свое продолжение и тоа уште поневеројатно од описот на разбојништвото кое 32 – годишниот поштар и го „продаде“ на полицијата.Имено, тој самиот е ограбувачот – човекот кој ги украде пензиите од своите сограѓани. Па за да го одвлече вниманието од себе, тој ја смислил целата приказна.
Потсетуваме, на полицијата тој и раскажа дека на улица го нападнале разбојници кои го каменуале неговото службено возило, поради што излетал од улицата.
Штом ја отворил вратата, двајцата разбојници му се заканиле со огнено оружје, на кои како што и кажал на полицијата им ги дал сите пари кои ги имал со себе. Сумата била поголема, бидејќи им ги носел пензиите на пензионерите од местото.
На полицијата оваа приказна не и беше убедлива, па по неколку часовно испрашување поштарот „пропеа“.
Неофицијалните информации велат дека тој на тајна локација ја закопал вреќата со пари, а потоа продолжил до локалната улица на која ја смислил целата приказна.

 
Сам си фрлал камења на возилото, па го паркирал покрај улицата да изгледа како да „слетал“ до таму, а за да биде приказната уште по убедлива, си го искршил и мобилниот телефон.
Поради тоа ќе одговара за 3 казнени дела: лажно пријавување, проневера и за оштетување на туѓи работи.
Жителите се шокирани бидејќи станува збор за нивниот примерен сосед, семеен човек и татко на две деца. Освен тоа Сукнаиќ е и спортист кој се занимава со мал фудбал.

Немам јас тука што да коментирам. Довидување – им рече по телефон поштарот на новинарите и ја поклопи слушалката на новинарите

Имено, тој самиот е ограбувачот – човекот кој ги украде пензиите од своите сограѓани. Па за да го одвлече вниманието од себе, то

Пронајдете не на следниве мрежи: