Пет хороскопски знаци кои се како ТЕМПИРАНА БОМБА кога ќе се налутат!

Луѓето различно се лутат. Некои знаат да бидат гласни и да кажуваат сѐ и сешто, додека другите се потивки, но можат да направат колатерална штета ако упорно им се „гази“ по нервите. Во прилог ви ги донесуваме петте знаци од хороскопот со кои не би сакале да си имате работа доколку се налутат.Овен
Вистинска темпирана бомба на две нозе. Кога ќе „одлепат“, Овните ќе експлодираат во истиот момент и воопшто не се грижат како нивното однесување ќе се одрази на околината. Многу викаат и врескаат, па тешко на оној на кој се намерени, било тој да е причина за нивната лутина или не. Она што е најважно е таа личност да остане ладна, па така Овенот најбрзо ќе се врати во нормала. Многу брзо се оладуваат па после им е жал што така се однесувале и се извинуваат, но тоа не значи дека нема повторно да кренат сѐ во воздух.
Бик
Ако ви се налути Бикот, прво на суптилен начин ќе се обиде да ви даде до знаење за тоа. Ќе се оддалечи и олади, а ако види дека не реагирате ќе се трансформира во вулкан и сета своја лава ќе ја истури врз вас. Тоа е бес кој брише сѐ пред себе, затоа би било добро да се спасувате додека можете. Ако ја немате таа среќа, молете се тоа торнадо да помине што побрзо.

Близнаци
Кога ќе се налутат, најдобро би било да ги затворите ушите или пуштете музика најгласно, бидејќи од нивната уста може да излезат зборови кои нема да ви се допаднат. Поради својата дволична природа, тие можат својата лутина да ја изразат и на друг начин – ќе бидат ладни, но поради една нивна реченица ќе зажалите што сте се родиле. Никогаш, ама никогаш не им кажувајте како би требало да живеат, инаку ќе бидете нивна секојдневна жртва за малтретирање.
Лав
Сосема очекувано за кралот на животните. Кога Лавот ќе одлепи, тој рика како да е во шума. Тоа не е обичен бес, туку вистинска бура и колку повеќе е гласен и вика, толку поубаво се чувствува. За него е карактеристично многу да навредува, бидејќи во тој момент се грижи само за тоа како тој се чувствува, а не како неговите зборови ќе влијаат на другата личност. Колку што нема проблем да ѝ прости на другата страна ако го навреди, толку гордоста не му дозволува да се извини, иако му е јасно дека згрешил.
Скорпија
Нејзе ѝ треба многу за да се налути, но кога ќе се најде во таа фаза, тргнете ѝ се од патот, бидејќи ги гори кожата и мозокот со својот отровен јазик. Станува саркастична и брутална кон личноста која ја разбеснила. Таа воопшто не е тип кој простува и заборава, туку психички ќе го малтретира оној на кого му е лута. Нема да застане сѐ додека не направи емоционален хаос.Овен
Вистинска темпирана бомба на две нозе. Кога ќе „одлепат“, Овните ќе експлодираат во истиот момент и воопш

Пронајдете не на следниве мрежи: