Philips го исфрла од името зборот „Electronics”

Loading...

 Холандскиот индустриски гигант Philips најави дека од своето име  ќе го отстрани зборот „Electronics”, со оглед дека се насочува од потрошувачката електроника на производи кон производи за нега на здравјето, мали куќни апарати и штедливи светилки.На крајот на јануари компанијата со седиште во Ајнтховен за 150 милиони евра и го продаде на јапонската компанија Funai одделот за производство на аудио, видео и мултимедијални производи.Предлогот да се исфрли зборот „Electronics” и компанијата да ги применува името “Royal Philips” ќе им биде изложен на акционерите на годишното собрание на 3 мај, се вели во соопштението на компанијата.„ Philips е технолошка компанија со широк спектар на производи, насочен кон креирање на иновативни производи во сегментот на медицинска опрема, енергетски штедливи светилки, здравството и подобар квалитет на животот на потрошувачите“, изјави извршниот директор Франс ван Хоутен.Компанијата е основана во 1891 година, на почетокот била специјализирана за производство на сијалици, а подоцна на телевизори. Во последната деценија започна да произведува и медицинска опрема, како на пример уреди за магнетна резонанса.
Макфакс Холандскиот индустриски гигант Philips најави дека од своето име  ќе го отстрани зборот „Electr

loading...