По 16 години пауза – промоција на нова збирка од Лидија Давидовска

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство ја најавува промоцијата на најновата поетска збирка на Лидија Давидовска, Духовна архива, објавена цели 16 години по објавувањето на нејзината последна поетска книга. Промоцијата ќе се одржи утре, 20 декември 2016 година, во Галеријата на Младинскиот културен центар, со почеток во 19 часот. Промотор ќе биде рецензентот на збирката, писателот Иван Додовски. Промоцијата ќе ја води новинарот Душко Кралевски, а стихови ќе интерпретира актерката Соња Каранџулоска. На промоцијата ќе настапи и женската вокална група за православно пеење Смирна.Уште со својата прва поетска книга, Тенки патеки (1986), Лидија Давидовска ги навести белезите на својот особен поетски глас. Таа е поетеса кај која светот на доживеаното ферментира долго пред да се изрази како поетска сублимација. Затоа и нејзината втора поетска книга, Нон егзитус (2000), се појави 14 години по првата, а еве, цели 16 години подоцна, Давидовска го објавува својот трет поетски ракопис.
Насловот на последната книга – Духовна архива (2016) – потврдува дека Давидовска го споделува само она што созреало низ годините на соочување со силите на духот и на јазикот. „Ретки се книгите во современата македонска поезија што не одбиваат повторно и повторно да ги отвораат ’смртните прашања‘ за Бог, за животот и за смислата. Во својата книга Духовна архива Лидија Давидовска ги наметнува токму таквите прашања. Но тоа го прави со извонреден очудувачки конфесионален јазик, сосема доследно избегнувајќи ја замката на истрошените поетски клишеа. Давидовска знае со леснотија и алузивно да дијалогизира со туѓите поетски искуства и да приопшти нова вредност.
Во нејзината поезија, исто така, се населуваат референции од социјалната и од политичката стварност, ненадејно изникнуваат иронични предупредувања и се појавуваат псевдофусноти за познати места и собитија. Но сето тоа е една силна апофатичка опомена – да се оди подалеку, подлабоко и повисоко, отаде феноменалното, за да се открие ноуменалното, она вечно ахре на светот – непринудената љубов Божја, која ѝ дава смисла на плетката наречена човечки живот“, вели во рецензијата кон книгата Додовски.

 
Лидија Давидовска е родена во 1958 година во Скопје. Филолошки факултет (група англиски јазик и книжевност) завршила во 1981 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1985 година на Универзитетот на Монтана, САД, го обранила магистерскиот труд од областа на американската книжевност: Во името на спекулацијата: некои аспекти од поезијата на В.С. Мервин. Во септември 2009 година, откако добила стипендија од Универзитетот на Источна Англија, Нориџ, Велика Британија, ја започнала тригодишната докторска програма на Катедрата за американски студии, каде што ги продолжила истражувањата во истата област – современа американска поезија и култура, и во мај 2013 година ја одбранила докторската дисертација под наслов: Поетика на иманентност и искуство: Роберт Лоуел, Џејмс Рајт, Ричард Хуго и Џори Греам.
Од 2006 до 2009 година работела како декан и предавач по група предмети од американистиката на Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје, а од мај 2013 година работи како лектор по англиски јазик на Европскиот универзитет во Скопје и држи предавања по англиска и по американска книжевност на Универзитетот „Климент Охридски“ во Битола. Досега ги објавила збирките поезија Тенки патеки (1986) и Нон егзитус (2000), како и книгата есеи Во името на спекулацијата: аспекти од поезијата на В.С. Мервин (2002). Се занимава и со литературни преводи на поезија и проза од англиски јазик.Уште со својата прва поетска книга, Тенки патеки (1986), Лидија Давидовска ги навести белезите на својот особен поетски глас. Таа е поетеса кај кој

Пронајдете не на следниве мрежи: