Според најновите истражувања, положбата во која спиете говори за тоа каков пар сте.
Во облик на лажица
Од оваа положба постојат две варијанти- мажот е свртен со грб, а жената е припирена до неговиот грб. Тоа покажува дека тој сака растојание, а таа не му дозволува, или пак таа е доминантна во врската а тој и ја препушта таа улога. Другата варијанта е кога жената е свртена со грб кон партнерот, тоа покажува дека му е потчинета. Ако парот постојано ја менува положбата тоа значи дека се рамноправни.
Положба вага
Парот лежи на страна допирајќи се со грбот и задниците. Тоа значи дека и двајцата сакаат интимност и се независни. Ако пак воопшто не се допираат тоа е знак дека има напнатост во врската.
Љубовен јаз
Мажот и жената лежат на грб и се гушнати. Оваа положба е својствена за заљубените парови. Доколку сте од оние парови кои ја практикуваат оваа положба значи дека вашата врска совршено функционира.
Ангел чувар
Мажот лежи на грб а жената на неговите гради. Паровите кои спијат во оваа положба имаат голема доверба еден во друг.
Ножички
Секој лежи на своја страна и се допираат со колената, колковите, рацете и дланките. Ова покажува дека парот не сака цврсто да се врзува. Всушност не ни знаат дали сакаат да бидат заедно.
Секој на своја страна
Таа на една страна, тој на друга и не се допираат. Ова не значи дека парот не се разбира, туку покажува на толерантност и желбата на партнерот да му се овозможи удобно спиење.Според најновите истражувања, положбата во која спиете говори за тоа каков пар сте.