Пред да скокнете со него во кревет, проверете ја НАЈВАЖНАТА работа!

„Ако отидете кај некого дома и забележите дека нема книги, немојте никако да спиете со него“, предупреди американскиот режисер Џон Вотерс. Многу жени ќе се сложат со овој филмаџија, притоа истакнувајќи ги предностите на мажите кои читаат книги, било да се работи за класици, преку историски книги, до бестселери.Иако не постојат конкретни правила, во поголем број од случаите станува збор за емотивни, интелигентни и мудри мажи. Тие се креативни, елоквентни, љубопитни, знаат да се стават во туѓа кожа, знаат да сакаат и не се плашат од љубовта. Свесни се дека првиот впечаток често знае да излаже и помалку се склони кон осудување, а и не бегаат од комплицирани жени. Напротив, тие им се поинтересни од дамите кај кои сѐ е напишано на една страница.
За разлика од мажите кои сликата кон понежниот пол ја создаваат врз основа на филмови и серии, „книшките молци“ подобро ја разбираат женската психологија. Ним не им се непознати дилемите и внатрешните борби, знаат да читаат меѓу редови и сфаќаат дека важните знаци често се скриени покрај патот. Додека многумина ќе ги критикуваат дека се застарени зашто и понатаму веруваат во правда, чесност и добрина, тие знаат дека човекот без принципи е како дрво без корен.
И затоа, следниот пат кога ќе решите да отидете со некого во кревет, добро погледнете дали тој во станот ја има најважната работа – полицата со книги.Иако не постојат конкретни правила, во поголем број од случаите станува збор за емотивни, интелигентни и мудри мажи. Тие се креативни, елоквентни,

Пронајдете не на следниве мрежи: