„Прес Републике Српске“: Се подготвува нов судир меѓу вахабистите во БиХ

Службите за безбедност во Босна и Херцеговина се во состојба на зголемена готовност заради сериозните предупредувања од западните разузнавачки агенции дека во Сараево и другите градови во Муслиманско-хрватската федерација се подготвуваат жестоки судири меѓу непријателските фракции на радикалното исламистичко движење вахабити, соопшти електронското издание на весникот „Прес Републике Српске“.Според добро информирани извори на весникот, информацијата дека земјата е под закана од отворен судир меѓу две непријателски вахабитички движења е една од главните причини заради кои британската Влада уште пред половина година одлучи во БиХ да испрати дополнителни сили во рамки на Европските сили за брзо реагирање (ЕУФОР).
Едното од нив, предводено од Нусрет Имамовиќ, се поврзува со Ал Каеда, а на чело на второто е Бајро Икановиќ, кој има војувано во Сирија на страната на исламистичката група „Исламска држава во Ирак и Левантот“ (ИДИЛ).
Според босанските служби за безбедност, најголемата опасност во моментот не се потенцијалните терористи, кои можат да ги нападнат амбасадите на САД или западните земји, туку избувнувањето на вистинска мала војна меѓу вахабитите, пренесе МИА.
Главна причина за нивниот конфликт е поделбата на исламистичките доброволци во Сирија на поддржувачи на таканаречениот фронт Ан Нусра, кон кој припаѓа и неформалниот лидер на вахабитите од Горна Маоча, Нусрет Имамовиќ, и на приврзаниците на воената формација ИДИЛ (од која заради нејзината неверојатна жестокост и радикализам се откажа дури и Ал Каеда), кон која се е приклучил лидерот на босанските селафити Бајро Икановиќ.Според добро информирани извори на весникот, информацијата дека земјата е под закана од отворен судир меѓу две непријателски вахабитички движења е

Пронајдете не на следниве мрежи: