Работно лето ги очекува образовните институции. Продолжува воведувањето на Кембриџ наставните програми. За продолжување и заокружување на Кембриџ реформата во образованието се интензивираат подготовките, јавува Канал 5.По оние ученици од прво до шесто одделение и учениците од седмо осмо и деветто одделение ќе добијат нови учебници и наставни програми по математика и по предметите од групата на природни науки, изработени од најголемиот светски снабдувач на квалитетни учебници – Кембриџ центарот.
Се работи за реформа со која, според надлежните, се елиминираат сите дилеми дали одредена учебна програма или учебник е добар или не, и дали е соодветен на возраста или не.
За ваквите реформи прво беа обучувани 80 советници од бирото за развој кои потоа ќе ги пренесат знаењата на наставно научнито кадар.
Програмите зад кои стои Кмебриџ содржат нов модел на изучување на предметите преку поголемо научно истражување од самите ученици заедно со наставниците што пак има ефект на развој на самодовербата и креативниот начин на размислување кај учениците.Овие програми во многу земји најчесто се применети во реномираните приватни училишта а кај нас се воведенеи како системско решение во сите училишта, на национално ниво. Досегашната примена е позитивно оценета од креаторот на оваа глобална образовна реформа-меѓународниот центар за наставни програми и учебници при Кембриџ универзитетот, а извештајот е во позитивна конотација.
Во извештајот стои дека е зголемена значително интеракцијата меќу наставните и учениците а зголемен и интересот на учениците за следење на наставата и дискусија и размислувања со што се постигнува полесно совладување на потребните информации. Република Македонија и натаму останува единствената земја и лидер во регионот кој го применува еден од најквалитетните образовни системи- Кембриџ.
Учебниците продолжуваат да бидат беспалтно достапни а од следната година Кембриџ влегува и на часовите во средните училишта.По оние ученици од прво до шесто одделение и учениците од седмо осмо и деветто одделение ќе добијат нови учебници и наставни програми по математика