Пронајдена е масовна гробница со 110 тела од илегални имигранти во Тексас

Антрополозите Лори Бејкер, Криста Латам и нивните студенти, ги пронајдоа телата во кеси за отпадоци, пластични кеси за купување, вреќи или без било какво заштита.На едни гробишта на југот од Тексас откриени се масовни гробници од имигранти кои, според извештаите, ги загубија своите животи при обидот илегално да влезат во САД.
Во рамките на повеќегодишните напори да се идентифицираат имигрантите кои починале во близина на границата помеѓу Мексико и САД, во текот на изминатата година во гратчето Фалфјуријас се ексхумирани околу 110 неидентифицирани тела од кои некои заедно се погребани, пренесе агенцијата АР.
На едно место се закопани остатоци од три тела во една вреќа, на друго најмалку пет тела во вреќи и помали пластични кеси кои биле нафрлани преку секое од телата. Черепите се пронајдени во вреќи кои се наоѓале помеѓу ковчези, што е „ужасно откритие“ според оценките на антрополозите.
Непристапните подрачја се смртоносни за имигрантите од Мексико и Централна Америка, кои претежно ги поминуваат пеш и по високи температури, со цел да ја избегнат американската гранична патрола. Повеќе од 300 луѓе ги загубија своите животи во преминот низ Брукс каунти помеѓу 2011 и 2013 година, што претставува повеќе од 50% на смртните случаи во тексашката долина Рио Гранде.На едни гробишта на југот од Тексас откриени се масовни гробници од имигранти кои, според извештаите, ги загубија своите животи при обидот илегално

Пронајдете не на следниве мрежи: