Птиците се вознемируваат и стануваат се поагресивни: Една птица нападнала маж на балкон

Жителите на Сараево живеат во страв поради големиот број на чавки и гаврани кои буквално ги окупирале парковите и бреговите на реката Миљацка и напаѓаат луѓе.До сега најсериозниот напад се случил во населбата Добриња, каде еден маж, додека стоел на балконот од својот стан, го нападнала разбесната чавка и му нанела длабоки гребнатинки на главата.
Управничката од кантоншката управа за инспекциски работи, Јока Хлубна, вели дека ова се случува поради тоа што во овој период птиците се размножуваат, па затоа стануваат поагресивни.
Сараевчани и порано имале слични проблеми, кога на различни места во градот бил забележан масовен помор на чавките. Овие птици уште се нарекуваат и „летачки стаорци“ бидејки пренесуваат многу заразни болести.До сега најсериозниот напад се случил во населбата Добриња, каде еден маж, додека стоел на балконот од својот стан, го нападнала ра

Пронајдете не на следниве мрежи: