Рецепт за најкремастиот чоколаден колач во шолја

Брзите колачи кои се приготвуваат во микробранова печка честопати имаат брашнест вкус и тешко е да се процени дали навистина се печени, но овој рецепт гарантира успех.Припремата трае пет минути, а потребни ви се и две големи шолји. Доколку не можете да пронајдете шолји од три или повеќе децилитри, ви предлагаме смесата да ја поделите во четири помали чаши. 
Потребни состојки:
• 4 лажички путер
• 30 гр. исецкана чоколада
• 4 коцки млечна чоколада
• 3 лажички шеќер
• 2 јајца
• 2 лажички какао
• 1 лажичка екстракт од ванила
• ¼ лажичка сол
• 30 гр. брашно
• ½ лажичка прашок за пециво
Начин на подготовка:
1. Во микробранова печка, истопете ја исецканата чоколада и путерот.
2. Измешајте ги јајцата со шеќерот, какаото, екстрактот од ванила и солта и измиксирајте. Потоа, додадете го чоколадото со путерот, промешајте и на крајот додадете ја и мешавината од брашно и прашок за пециво.
3. Добро изматете ја смесата, а потоа поделете ја во две поголеми или четири помали шолји. Ставете ги во микробрановата печка, намалете ја температурата за 50% и оставете да се печат 45 секунди.
4. Извадете ги шолјите од микробрановата печка, промешајте и вратете да се печат уште 45 секунди.
5. Кога ќе ги извадите, во средината на секоја смеса ставете по две коцки чоколадо и вратете ги да се допечат уште 45 секунди.
6. Украсете со овошје, шеќер во прав или шлаг и послужете.Припремата трае пет минути, а потребни ви се и две големи шолји. Доколку не можете да пронајдете шолји од три или повеќе децилитри, ви предлагаме с

Пронајдете не на следниве мрежи: