Рожаје: Во исламска градинка децата учат од Куранот

Со децата работат дипломци од Исламскиот педагошки факултет. „Реуда“, која е финансирана од страна на муфтијата Муамер Зукорлиќ, ги превезува децата од  домовите до детскиот центар и назад.Во исламскиот детски центар „Реуда“ во Рожаје, наменет за дневен престој на деца од 3 до 6 години, се запишале повеќе од 20 деца.
На отварањето на „Реуда“, чије седиште се наоѓа во Нови Пазар, присуствувала делегацијата на исламската заедница во Србија, муфтијата Муамер Зукорлиќ, неговиот помошник за Јужен Санџак хафиз Абдурахман Кујевиќ и директорот на таа педагошка установа Мерсад Цуриќ.
Зукорлиќ, кој го финансирал отворањето на овој бјект во градот на Ибар, ги повикал муслиманите да ги запишат своите деца во „Реуда“.
„Со исламската заедница нудиме програмада им помогнеме на родителите. Во овие установи се одгледуваат децата, луѓе од чии раце  ни јазик никој нема да има штета, само корист. Народот кој сака да има иднина тој ја вложува сета енергија во децата. Додека не оздрават сегашните генерации треба да се одгледа генерација која ќе стане елита“,  рекол Зукорлиќ.

Пред дневниот центар за деца, Зукорлиќ го отворил и „училиштето на чесниот куран“
Мешхатот на исламската заедница во Србија пред дваесетина дена во Рожаје отворил „Училиште на светиот Куран“, во која одат 180 деца од сите возрадти, што го налутило реисот на исламската заедница во Црна Гора Рифат Фејзиќ.

„Јас пред се би го нарекол ова злоупотреба на имтето на чесниот Куран, тоа се пред се простории на џамија каде ќе се оргнизираат  курсеви  за некои наши деца, а тоа ќе ги води луѓето кои се или главни осомничени или се на граница да бидат таму каде што не сакаме да бидат и тие луѓе во тие простории во Црна Гора ќе ги обучуваат нашите деца“, рекол Фејзиќ на почетокот на септември во интервју.
Тој тогаш  ја обвинил исламската заедница во Србија, на чие чело е  муфтијата санџачки Муамер Зукорлиќ, дека ги подржува вехабистите, односно „тие маргинални групи, радикална група и сите оние кои се во несогласување со исламската заедница“.Во исламскиот детски центар „Реуда“ во Рожаје, наменет за дневен престој на деца од 3 до 6 години, се запишале повеќе од 20 деца.

Пронајдете не на следниве мрежи: