Samsung ветува 64 битен процесор во Galaxy S5

Loading...

Мислевте дека Samsung ќе му дозволи на Apple да се фали со својот нов процесор и неговите 64 бита? Епа, помислете повторно…Неверојатно е дека повторно сме вмешани во битка за бројот на битови. Уште во раните 90-ти, гејминг конзолите (Nintendo и Sega) беа вклучени во ваква борба, а стигнаа токму до оваа бројка – 64 бита.
Samsung вети дека новите телефони ќе имаат „64 битна архитектура“, што нормално не значи ништо во моментот. Доколку не сте информирани, не е важно дали телефоните имаат 64 битна архитектура без 4GB RAM или пак оптимизиран софтвер и апликации. Засега, Android оперативниот систем не е доволно оптимизиран, ниту пак апликациите кои работат на него.
Од друга страна, Apple барем го апдејтираше својот оперативен систем да поддржува 64 битна архитектура, иако сеуште нема компатабилни апликации. Славата очигледно ќе мора да се дели помеѓу овие два лути ривали, макар и станува збор за сеуште „непостоечка“ технологија.
Преземено од: GSM.MKНеверојатно е дека повторно сме вмешани во битка за бројот на битови. Уште во раните 90-ти, гејминг конзолите (Nintend

loading...
Loading...