SEAT го претстави Leon SC за да освои нови клиенти

Loading...

Брендот SEAT во понеделникот претпладне го претстави новиот Leon SC на саемот за автомобили во Женева, автомобилот којшто ја претставува втората фаза од лансирањето на компактни автомобили во фамилијата на шпанскиот бренд, кој првпат нуди повеќе од една верзија на каросеријата.

 
Новата верзија со три врати ќе придонесе за зголемувањето на продажбата на Leon, бидејќи ќе го зголеми уделот на SEAT на пазарот во најпопуларниот сегмент во Европа, а исто така ќе ги задоволи потребите на новите клиенти кои сакаат поспортско возило со врвна функционалност. Пред крајот на годината, SEAT, исто така, ќе ја лансира и караванската верзија на Leon.
Претседателот на SEAT, Џејмс Муирr претпладнето во Женева го претстави Leon SC како возило кое е „дизајнирано да биде еден од најубавите автомобили во својот сегмент”. Муир го потенцираше одличниот прием на верзијата на Leon со пет врати, која беше претставена на саемот за автомобили во Париз.
„До ден денес, испорачавме речиси 10 илјади возила, а во моментов имаме нарачка од над 15 илјади возила”, рече Мури и додаде дека SEAT „работи на големи трансформации во својот бренд преку постојано производство на модерни атрактивни и високо конкурентни производи”.
„Но, ова е само почетокот. SEAT подготвува уште многу нови изненадувања кои ќе предизвикаат голема возбуда кај нашите клиенти и уште повеќе ќе го изгради нашиот бренд како силен соработник во стратегијата за раст на Volkswagen групацијата”, истакна првиот човек на SEAT.
Исто како и верзијата со пет врати, новиот Leon SC ќе се произведува во Марторел (Барселона) со помош на револуционерната MQB платформа на Volkswagen групацијата. Во споредба со верзијата со пет врати, Leon SC има за 35 милиметри покусо меѓуоскино растојание. Употребата на најсовремени материјали во производството го прави Leon SC најлесното возило во својата класа – имајќи 110 килограми помала тежина од своите претходници, со што обезбедува подобро управување и ефикасност. Како и верзијата со пет врати, Leon SC е опремен со мотори од 86 до 184 hp. Моторот 105 hp 1.6 TDI CR со Старт/Стоп систем има емисија на CO2 од само 99gms/km.
Новиот Leon SC ќе се најде во продажба почнувајќи од мај 2013 година.
Макфакс
Брендот SEAT во понеделникот претпладне го претстави новиот Leon SC на саемот за автомобили во

loading...